Филипче: Градинките ќе започнат со работа на почетокот на јуни, а отворањето на границите се очекува кон средината на јули

Објавено на 22.05.2020 во 22:04:57 часот | Македонија

– Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јули.

– Средина на јули се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите, посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет