Тахири: Рејтингот на СДСМ порасна поради успешно справување со пандемијата

Објавено на 23.05.2020 во 01:19:06 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Поради успешното справување на министерот за здравство Венко Филипче со пандемијата има видно зголемување на рејтингот на СДСМ, изјави универзитетскиот професор Сефер Тахири на „360 Степени“.

– Сега СДСМ инсистира што поскоро да оди на избори зашто нејзиниот рејтинг благодарение на министерот за здравство, но без да ги заборавиме и другите актери кои се активни во справувањето со ситуацијата, министерот е само една личност и целиот систем кој се раководи од Влада, колку и да е таа техничка, ние знаеме дека оваа партија заедно со другите партии се носители на власта.

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

А од друга страна предноста што ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, односно високиот рејтинг што го имаше ВМРО-ДПМНЕ пред пандемијата во однос на СДСМ или резултатите од анкетите кои покажуваа предност на едната и на другата, сега веќе ја нема – рече Тахири.

Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја повтори грешката од 1994 година, кога ги бојкотираше изборите.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет