Заев: Нова лидерска средба може да се одржи најдоцна до крајот на месецот

Објавено на 24.05.2020 во 14:08:12 часот | Македонија

– Немаме директна комуникација меѓу нас. Верувам дека ќе се одржи лидерска средба, заради тоа што можноста за одржување на лидерска средба навистина е до истекот на вонредната состојба. Кога ќе помине вонредната состојба останува неизвесноста дали ќе има нова или не, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали има комуникација со лидерот на опозицијата и дали ќе има нова лидерска средба.

Според Заев, се што може да се направи на планот околу договор е до 30 мај и доколку нема прогласување нова вонредна состојба од 31 мај почнуваат да течат 22 преостанати денови од изборните рокови за да се одржат изборите на 21 јуни.

Прашан дали се уште останува на изборите да се одржат на 21 јуни или пак е можен некаков компромис доколку Комисијата за заразни болести смета дека е премногу рано, Заев одговори доколку здравствените власти и здравствените експерти доколку кажат дека е премногу рано, тогаш таа одлука ќе се почитува до крај.

Тој додаде дека СДСМ сака да постигне договор со опозицијата и со сите учесници на изборите.

-Досега постигнавме договор од тоа дали треба да одиме на избори, до датумот на изборите, распуштањето на парламентот, сите заедно поднесовме кандидатски листи, листите се прифатени од ДИК, завршено е жребувањето и сето тоа е завршено. Треба да се дозавршат преостанатите 22 денови. Остануваме отворени се додека можеме, а тоа е 30 мај, до завршувањето  на вонредната состојба и доколку нема нова вонредна состојба не зависи од Заев, Ахмети или Гаши, кои сме владеачки партии, не зависи од нас, зашто се работи за устав и закон. Уставот и законот мора да бидат испочитувани, бидејќи во демократска држава тоа е приоритет. И доколку не се испочитувани било кој граѓанин може да ги предизвика пред Уставниот суд и резулатите од изборите и нашата изборна победа. Се што ќе правиме е во рамките на уставот и законот, рече Заев одговарајќи на новинарск прашање.

Тој уште еднаш апелираше за трезвеност и да се прифати одговорноста од страна на опозицијата и да се постигне договор изборите да се одржат во најбрзо можно време, односно пред почетокот на летото.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет