(ВИДЕО) Спасовски: Дали ќе има нова лидерска не знам, но знам дека датумот е детирминиран со Уредбата со законска сила

Објавено на 24.05.2020 во 14:56:36 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Дали ќе има нова лидерска не знам, но знам дека датумот е детирминиран со Уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба, за 22 дена треба да се одржат избори во Република Северна Македонија.

Жалам што сме единствена држава во светот кадешто немаме функционален парламент, aко имавме функционален парламент тогаш изборите можеа да се одржат тогаш кога ќе се договорат политичките партии и лидери. Очекувам дека во рамките на законската можност ќе имаме дијалог и преку дијалог ќе дојдеме до конечен ден на одржување на изборите, затоа што тоа е добро за државата“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

loading...

 

Македонија

Свет