ЕПСКА Е РАСИПАНОСТА НА ОРЦЕ КАМЧЕВ: ПРВО НАЈАВИ ГОЛЕМИ ДОНАЦИИ ЗА КРИЗАТА ПА ГО НЕМАШЕ НА ЛИСТАТА НА ДОНАТОРИ, ПОСЛЕ ЗАРАБОТИ ОД КАРАНТИНИТЕ ВО НЕГОВИТЕ ХОТЕЛИ, ПОСЛЕ ПРОБА ДА ЗАРАБОТИ ОД ФАЛЦ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ЗА НА КРАЈ ДА ЗЕМЕ ДОНАЦИЈА ОД ДРЖАВАТА ЗА ДА ПОДЕЛИ ПЛАТИ ВО СИСТИНА?!?!

Објавено на 24.05.2020 во 15:19:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Просто е неверојатно колку некои бизнисмени се расипани до коска. Оваа држава ја гледаат како една крава од која цицаат крв, млеко, сечат шницли од неа додека она се занаса и се клати едвај стоејќи на нозе.

Одиме по еден многу интересен редослед за однесувањето на Орце Камчев во оваа криза:

1. Бомбастично одекнаа стории на сајтот на Геро Дагау, дека Орка Холдинг ги става на располагање своите хотели и болници и за тоа одредила буџет од ако не се лажам едно 300 000 евра!

2. Еден месец по таа сторија, Венко Филипче чита листа на донатори, на неа ја нема Орка Холдинг?!?!

3. Во меѓувреме, владата одлучи да ги плати хотелите каде има карантини по 10 евра на ден од соба и Орце со сите свои Ибис хотели заработи пари од државата за време на криза наместо да донира на државата?!?!

4. Ова му беше малце па набави фалц тестови кои даваат неточни резултати и бомбастично ги рекламираше пак на сајтот на Геро Дагау притоа вршејќи небверојатен ПР ритисок за масовни тестирања, но на крај владата одлучи да не ги прифати тие тестирања па Орце Камчев почна да се заканува дека ќе му поднел кривична пријава на Венко Филипче за нарушување на јавното здравје?!?!

5. Сето ова му беше малце па аплицирал за субвенција од државата за да подели минимални плати за април и мај во Систина?!?!

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Брееј човече, па ова е неверојатно! Милионер кој има авиони, јахти, најскап возен пар, неброени милиони на сметка, неброени недвижнини, во време на најголемата криза не само што не донираше, заработи па дури и доби на подарок 150 000 евра од државата за да подели мининални плати?!?! Ееееј човече, што карактер ќе беше овој човек што појава што психа што менталитет, со вакви ли богаташи ќе градиме силно општество?!?!

Иако не донирал на државата, со големо срце и душа донирал на ВМРО ДПМНЕ затоа што од нив очекува да го спасат од прогон и истрагата Империја за даночно затајување од најмалку 12 милиона евра да биде закопана 3 метра под земја?!?!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија