ГО ИСТРЕСЕ КАКО ЧЕРГА - Шилегов до Трајановски: Само тотално неук и лаик врши промена на флотилата на ЈСП одеднаш

Објавено на 24.05.2020 во 21:37:06 часот | Македонија

Менувањето на флотилата на транспортно претпријатие (во нашиов случај ЈСП) е перманентна активност. Само тотално неук и лаик врши промена на флотилата одеднаш. Од проста причина што на тој начин, целата флотила наеднаш се амортизира и станува неупотреблива. Ние годинава менуваме 33, а за две години уште 60 автобуси. Со наши, градски пари. Не ни се поклон од државата.

П.С. На дуелот го учев англиски (не знае ни збор да бекне), а богами и математика. Еве сега нека учи (види) што е градски автобус.

П.П.С. За разликите во техничките карактеристики, спецификации и квалитет, веројатно не треба да се зборува.

П.П.П.С (П.С) е кратенка од латински и се чита пост скриптум. Во превод на македонски значи: отпосле напишано. Ова, за ако го читаш сам постов. Да не бараш некој да ти преведува.

И да, Скопје продолжува. Во една друга, многу поинаква приказна.

#Скопје
#ЧекорПоЧекор

 

 

loading...

 

Македонија

Свет