БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: ТРАМП ЈА УНИШТИ АМЕРИКА!

Објавено на 27.05.2020 во 21:59:45 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Пред еден месец, на 25 април годинава, Irish Times објави извонреден осврт од својот водечки коментатор Финтан О’Тул, текст кој го привлече вниманието во целиот свет. Насловот и поднасловот на таа подробна и елоквентно составена анализа ги сумира заклучоците што ги понуди авторот како свој став за начинот на кој САД се справува со епидемијата на ковид-19 во сопствените граници: „Доналд Трамп ја уништи земјата за која вети дека повторно ќе ја направи извонредна“… Низ историјата, вели О’Тул, „светот ги сакаше, ги мразеше или им завидуваше на САД. Сега, за прв пат, ги жалиме.“

Таа анализа беше впечатлива и пред еден месец. Но, нејзината валидност се потврдува и триесетина дена потоа, практично до вчера, кога во САД се надмина бројката од 100.000 починати од корона вирусот. До крајов на оваа недела, за жал, таа трагична бројка ќе биде поголема од комбинираните воени и цивилни загуби на САД во Виетнамската (58.209) и Кореанската војна (36.516), плус војната во Заливот (294) и оние во Ирак (4.497) и Авганистан (2.216). И тоа само во овие, први три-четири месеци од пандемијата.

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Американскиот проблем, се разбира, не е само во големината на бројките на починатите. Подмолноста на ковид 19 го изненади целиот свет и може да се тврди, особено ако се „игра“ со споредбените и сè уште некомплетни статистички податоци, дека и многу други земји поминуваат лошо или и полошо во справувањето со вирусот. Светот уште долго ќе се занимава со анализите за поставеноста и структурите на здравствените системи и здравствените политики, како и со тоа кој, како и кога можел и требал да предвиди, да преземе, да одлучи, да пресече, да делува… Итн. Впрочем, таа приказна уште е далеку од својот крај.

Американскиот проблем е што, барем во најголемиот дел од светот надвор од САД, речиси да постои консензус дека срамното здравствено потфрлање на најбогатата, најразвиената, најмоќната земја и најстарата демократија во светот во голем дел е резултат на некомпетентното, потценувачко, хаотично, трагикомично, политикантско, конфликтно и, со еден збор, несериозно управување на Доналд Трамп со политиката за спротивставување на големата здравствена закана. Хомер Симпсон би можел вода да му носи. Со заштитна маска.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет