Живко Груевски од „Еуромакс“: Иловица нема да биде рудник на смртта, туку рудник на животот

Објавено на 28.05.2020 во 00:11:18 часот | Македонија

Откако Управниот суд пресуди во полза на концесионерот за рудниците во Иловица, компанијата „Еуромакс Рисоурсес“, чие барање за дозвола за експлоатација на минерални суровини, лани беше одбиено од страна на Министерството за економија, активистите од „Зелена котлина“ најавија радикализирање на нивните мерки против овој проект.

„Нема да ги коментирам правните и судските процедури што се во тек во независниот судски систем на Република Северна Македонија“, рече Живко Груевски, директор за односи со јавноста на компанијата „Еуромакс рисорсес“.

За најавите на екологистите тој вели: „Вџашен сум од неподносливата леснотија со која, од една група активисти се сатанизира овој модерен проект на за рудник во Иловица, кој според многу параметри е најголема гринфилд инвестиција во Република Северна Македонија.

Тие во последно време ги повторуваат паролите ‘Рддник на смртта’, ‘Еко геноцид’, повикуваат на општонароден бунт против предаторите инвеститори, против корумпираното судство и политичари. На социјалните мрежи врие од елементи на говор на омраза, каде се повикува и на линч“, рече Живко Груевски, директор за односи со јавноста на компанијата“, рече Груевски.

„Нема дебата и сето тоа доведе до ситуацијата да се јават правни спорови, еден голем таков спор имаме со државата. Тие лиценци и концесии, кои се реално неопходни документи се во спорна ситуација. Тие процеси течат“, додава тој. Компанијата „Еуромакс рисорсес“ е канадска и котира на берзата во Торонто и и таа има обврска, затоа што има акционери, транспарентно да работи и да ги објавува сите проблеми кои настануваат, бидејќи тоа влијае на позицијата на берзата.

„Оттаму менаџментот на компанијата има одговорност да покренене постапка за заштита на капиталот на акционерите, тоа обично се прави во Меѓународниот суд во Вашингтон и нашиот тим на адвокати достави формално известување до владата на Северна Македонија дека е тоа можно како арбитрарен процес, но побаравме сепак да се договориме тука“, рече Груевски.

Активистите тврдат дека никогаш не ја виделе студијата за влијанието на животната средина и социјалните аспекти, доколку би се направил овој рудник во Иловица. „Ова не е точно. Студијата е достапна и е доставена до сите министерства, таа студија има 3000 страници. Во 2016 година е доставена до Министерството за екологија. Се работи за една студија изработена од македонски и меѓународни експерти и е објавена на веб страницата на компанијата. Нема никакви изненадувања. Првично имаше две сценарија, едното почетно сценарио беше дека рудникот „Иловица – Штука“ покрај бакар ќе произведува злато, за таа процедура се употребуваат технологии кои вклучуваат некои процедури коишто дозволуваат употреба на сулфурна киселина и цијанид.

Но, „Еуромакс“ ги слушна зборовите на граѓаните, ги слушна зборовите на „Здрава котлина“ и засекогаш го затвори тоа сценарио. Тоа веќе не постои. Сега зборуваме за рудник на бакар и тоа на бакарни концентрати, кои ќе се извлекуваат и ќе се преработуваат тука и ќе се испорачуваат на во партнерската компанија во Бугарија. Проектот предвидува во ниедна фаза да нема испуштање во почвата на вода од процесот, таа практично се рециклира и нема да има никакво загадување на подземните и на надземните води. Во ниеден момент нема да дојде до загадување на почвата.

Предвидена е комисија која независно ќе ги испитува влијанијата вокоја ќе членуваат научни експерти, претставници од локалната управа и клучна улога ќе имаат претставниците на граѓанскиот сектор кои се грижат за екологијата“, вели Груевски.

Тој рече дека намерата на компанијата „Еуромакс“ е не само да не раселува луѓе од селата околу планираниот рудник, туку да овозможи да се вратат дел од иселените и да отвори околу 3000 – 4000 нови работни места. Се работи за огромен рударски комплекс. Само во првите две години е предвидена инвестиција од 343 милиони евра. „Ќе вложам напор да воспоставиме конструктивна комуникација со невладиниот сектор и со сите инстиуции во државата. Темата да ја свртиме од рудник на смртта во рудник на животот и што тој ќе донесе во овој крај, па и во оваа пост ковид период. Во оваа фаза ние сме подготвени да ги продолжиме сите разговори со сите надлежни институции што ќе значи вин ви ситуација за животот во земјата“, рече Груевски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет