ЧУЛЕВ ПОТВРДИ ДЕКА ВМРО ЌЕ ГО УПОТРЕБИ МВР ВО ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ ЗА ОЧАЕН СПАС ОД ПОРАЗ НА ИЗБОРИТЕ: Чулев: Ќе објавиме истраги во кои се вмешани сегашни функционери!

Објавено на 28.05.2020 во 00:21:17 часот | Македонија

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во интервју за ТВ 21.

-Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради корона вирусот, рече Чулев.
 
Ова е признание на Чулев дека ВМРО ДПМНЕ ќе го злоупотреби МВР како во старите добри режимски времиња од Груевизмот да се пресмета со политичките противници.
 
Овој пат ќе ја немаат соработката со сваровски судиите и обвинителите, но ќе ги користат овие покренати истраги како начин на оцрнување на политичарите од СДСМ без разлика дали тоа ќе им помине на суд и дали имаат вистински докази за обвинувањата.
 
Но народот нема да наседне, овој пат ВМРО ДПМНЕ ги нема на своја страна и сите медиуми како во времето на Грујо па да креира ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ и да пере мозок на народот, па така овие злоупотреби на МВР ќе им се вратат како бумеранг и поразот ќе им биде уште поголем од тоа што се очекуваше!!!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет