Бектеши: Одземени се пет концесии за минерални суровини во село Лабуништа

Објавено на 28.05.2020 во 00:46:28 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Одземени се пет концесии за минерални суровини, речиси сите во околината на село Лабуништа, за да се заштити здравјето на жителите и животната средина, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Концесиите, како што рече на прес-конференција пред Министерството, еднострано се раскинати, а сите концесионери имаат право во рок од 60 дена да достават барања до Министетството за други локации од истиот вид минерална суровина, но претходно ќе мора да се обезбедат и мислења од надлежните институции, вклучувајќи го и Министерството за животна средина.

* реклама -------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

– Со ова се рализира уште едно ветување кое го дадовме на жителите на Лабуништа за раскинување на концесиите. За време на вонредната сотојба тие продолжија да доставуваат барања за одземање на концесиите, укажувајќи дека настанатата прашина при минирање, сепарирање и транспорт на минерални суровини значително им го нарушува здравјето, рече Бектеши.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет