ЗА КОЛЕГИТЕ НОВИНАРИ ГЕНИЈАЛЦИ КОИ СЕ ЧУДАТ ЗОШТО СЕ ОЛАБАВУВААТ МЕРКИТЕ А БРОЈКИТЕ СЕ СЛИЧНИ СО ТИЕ ВО МАРТ

Објавено на 28.05.2020 во 01:22:11 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Значи јас важам за новинар најомразен во браншата, значи сто пати сум на пример поомразен од Јанко Бурек и Миленко на пример, што кажува само по себе колку им имам бркнато у џигер на колегите...

Една од причините за таа омраза е што многу бргу се пробив во јавноста и дирек станав водител на тв наместо со години да напредувам од држач на микрофон и репортер у градска рубрика, нешто што е стандард во оваа бранша...

Друга причина е речникот кој порано го користев многу а сега поретко и пристрасноста во новинарството, тоа е сосема друга тема за друга колумна, но во кратки црти они не можат да разберат што е новинар активист, кој наместо да ја посматра битката, влегува на терен и сам дава голови или брани на голот, но важно е дека се игра за тимот кој игра по правилата и неговата победа е корисна за општеството, не збориме тука за слепо слугување ала КУРТОН ЛАТАС и бандата...

Трета причина зошто колегите ме мразат е зошто сум арогантен а таа пак ароганција доаѓа од таму што сум дипломиран електро инженер и тоа со диплома од озогласеинот ЕТФ на УКИМ од старата комунистичка програма кога таму учевме од ракети, преку роботи, индустриски ленти во железара, софтвер и хардвер за компјутери до нуклеарни реактори и хиндроцентрали а тие се дипломинари новинари на Правен на УКИМ.

* реклама -------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Да ви дадам една споредба што значи тоа во разлика, тоа е како некој да учел да вози точак а некој да има диплома за возење авион Ф-16 или Сухој 27, ете таа е разликата во стекнато знаење по математика, физика, статистика, автоматика, инженерство, енергетика, електрика и општо едно знаење и една стекната граѓа на научни факти и теории и заклучоци што е тоа просто неспоредливо со оние мои колеги кои завршиле новинарство.

А и да се потсетиме сите и да бидеме реални, на новинарство се запишуваа најслабите средношколци, оние најмрзливите, оние со најголем капацитет се запишуваа на медицина, електро факултет, фармација, стоматолошки, градежен, тоа беше елитата во мое време барем.

И сега ги гледам колегиве фатиле на фб и се чудат, не им улага у глава како тоа владата решила да ги укине мерките а бројките на ново заразени и починати е иста со тие во март?! И одма заклучиле АХА, ВЛАДАТА МАМИ, ЛАЖЕ, МЕСТИ НЕШТО!!!

Ама лесно е да си глуп, пееше мислам Балашевиќ или Бајага. Каде лежи зајакот, да бидеме малце комични со алудирање на прекарот на лидерот на СДСМ...

Значи оваа криза освен здравствени со себе носи и страшни финансиски последици. Вие просто не може да исклучите повеќе од пола економија на долг рок и да не очекувате финансиски крах на државата и масовен глад! Тоа едноставно не е можно!

Економијата не е авион на кој ќе му откаже еден мотор и он може да лета со вториот мотор или да е човек па да му извадиш еден бубрег и он да тера со другиот бубрег.

* реклама -----------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Економијата е како една целина од која ако извадиш дел ќе се осети одма на буџетот на расходите на курсот на денарот на стабилноста на банките... Она со што можам да ја споредам економијата е нуклеарен реактор, ако погрешиш со полнењето или ладењето може да ти се случи Чернобил.

Затоа што во економијата влијание има не само дали има смртоносна пандемија туку и самите емоции на јавноста можат да ја срушат економијата ако настане паника, параноја па сите во еден ден отидат да ги извадат штедните влогови во банките, тоа ќе ги крахира банките и ќе ја сруши економијата за 24 часа...

Овие мои колеги ГЕНИЈАЛЦИ не разбираат дека државата е веќе 2 месеца со исклучена економија и секој месец плус ќе значи КРАХ! БАНКРОТ! Ќе значи неможност да се исплати пензија, социјална помош, детски додаток, нега за стари лица, плати на буџетари, значи ќе настане масовен ГЛАД во земјава, социјални немири, ХАОС!!!

Како ова овие ГЕНИЈАЛЦИ не го гледаат?!?! Владата успеа да купи 2-3 месеца МЕДИЦИНСКИ за да се спреми за оваа страшна пандемија, да се опреми, да се организира, ДА ЈА НАУЧИ БОЛЕСТА, и веќе простор за КАРАНТИН нема, економијата тоа не го дозволува!

Ако сака бројките нека се и пута 10 од ова што се, ЌЕ МОРАМЕ ДА ГИ УКИНЕМЕ РЕСТРИКЦИИТЕ, КАКО ОВА НЕ ВИ Е ЈАСНО БЕ ЛУЃЕ?!?!

Значи јас одам еден чекор понатаму, ДУРИ И ДА НЕ СЕ ВО ПРАВО ВЕНКО И КАРАЃОЗОСКИ ДЕКА ЕПИДЕМИЈАТА Е СТАВЕНА ПОД КОНТРОЛА, ние пак ќе моравме да се рестартираме економски!!!

Затоа што едно е вас да ви умираат по 10, 20 луѓе на ден, а друго е да ви падне целата економија и да настане масовен глад и хаос и да почнат да умираат по 500 или 1000 на ден од глад или болести или немири затоа што ќе нема болници, полиција, судови, ред и мир, ќе биде општ хаос во земјава во такво црно сценарио!

* реклама --------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Значи да им нацртам на овие колеги ГЕНИЈАЛЦИ:

МЕРКИТЕ СЕ УКИНУВААТ ЗАТОВА ШТО:

1. За среќа епидемијата е во надолен пад и тоа е добро, многу се веќе излечија и болниците се практично празни.

2. Државата се опреми, се организираше за нешто вакво кое ни се случува ПРВ ПАТ, купивме опрема, тестови, помагала, заштитна опрема, ја научивме болеста, како се пренесува, како не се пренесува, кои лекови даваат најдобри резилтати итн итн...

3. Народот се навикна да носи маски, да мие раце редовно, да држи дистанца, секако не сите, но колку можевме толку, другите ќе ја платат цената но и ние со нив...

4. Економијата и државата веќе не може да издржат ПОЛИЦИСКИ ЧАС И РЕСТРИКЦИИ, оваа земја не е Америка или Катар или Норвешка кои имаат државни резерви пута 100 од годишниот БДП, ние имаме само 30% резерви од годишниот БДП што значи немаме капацитет ниту 4 месеци да седиме дома и да живееме од резерви!!! 

5. Државата мора да остави малку простор и за најцрното сценарио. Значи наместо сега да седиме дома додека болеста олабави, да почнеме сега да работиме па да го чекаме вториот бран т.е пик кој сите го предвидуваат во септември па тогаш да се закличиме пак 1 до 2 месеци додека чекаме сите вакцина. Значи мора да се мисли на долг рок, стратешки, ако воопшто овој поим го разбираат некои мои колеги ГЕНИЈАЛЦИ

6. Вие за да терате стратегии и да реализирате комплексни државни политики морате да имате стабилни институции а без собрание и со НАЌЕ ОТСЈАЈ ШЕФ НА ПОЛИЦИЈА тоа не е можноооо алооо дечкиии?!?!?!?! Затоа мора на брзи избори тоа да се закрпи и да го дочекаме вториот бран на нозе спремни за битка!

 

СЕГА ЈАСНО ЛИ ВИ Е БЕ БАРЕМ МАЛКУ, АЛО ГЕНИЈАЛЦИ ЕДНИ СМОТАНИ ТУПИ КАКО ЃОН?!?!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија