ЗАЕВ И ДИМИТРОВ СЕ ПОЛИТИЧКИ МАГИОНИЧАРИ: Едно време, во 90-тите, грчки авиони летаа над земјава во знак на закана за војна, сега истите тие авиони летаат во знак дека ќе не штитат од евентуални непријателски војски, па кој е тоа неверојатен пресврт, тоа е безмалку како Србија и Хрватска да влезат во воен сојуз!

Објавено на 29.05.2020 во 22:04:47 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Еееј ние што се сеќаваме на 90-тите, денеска се чувствуваме навистина посебно.

Во 90-тите грчки ловци летаа над македонското небо, ама без дозвола! ВО ОБИД ВОЕНО МОЌНАТА ГРЦИЈА ДА УПАТИ ЗАКАНА КОН ПАЛАВИОТ СОСЕД КОЈ ВЕТУВАШЕ КОНГРЕС НА ВМРО ВО СОЛУН!!!

СОСЕДОТ КОЈ ИМАШЕ ИМЕ КОЕ НА ГРЦИТЕ ИМ БИДЕШЕ СТРАВ И ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМА КОМПЛИКАЦИИ КАКО ВО ЕКС ЈУ...

И сега, 30 години подоцна, истите тие авиони пак летаат над нашето небо, ама овој пат како придружба на американски стратешки бомбардери Б1 кои се направени да носат нуклеарки, во знак на пријателство, сојузништво и порака дека ќе не бранат ако не дај боже некој сака да не освои или бомбардира?!?!

Ееееј, што тоа направија Заев и Димитров, какви се тоа политички магионичари, да се деси таков пресврт.

* реклама --------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од ембарга, од планови за делење на земјава, од неовластени прелети на воени авиони, блокажи за влез во сите можни сојузи и организации, да се доведеме да бидеме воени сојузници за едни други да се браниме во случај на напад од трети сили?!?!

Браво Заев, браво Димитров, поклон до земја, конечно политичари кои си ги заработуваат платите и си ја вршат работата за која се избрани, да работат за доброто на државата и народот!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија