СЕПАК МУДРА ОДЛУКА НА ВЛАДАТА, ИАКО ИМАШЕ ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ: ВО ОВИЕ КРИЗНИ ВРЕМИЊА, ОХРИДСКАТА ЕКОНОМИЈА ДОБИ 5 МИЛИОНИ ЕВРА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД СКОПЈАНИ, ИСТО ПОМИНАА СТРУГА, ДОЈРАН, МАВРОВО...

Објавено на 06.06.2020 во 23:24:46 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во Охрид има околу 10 000 Скопјани викендов плус уште 10 000 од другите градови. За 4 дена тие ќе потрошат околу 250е по човек тука сметано и гориво за колите, за сместување, за храна најповеќе, за кафиња, за возење со кајчиња, за сладолед, разни сувенири, паркинг па дури и црквите кои беа посетени и народот плаќаше за свеќи оставаше на икони итн итн...

Помножено тоа му испаѓа околу 5 милиона евра. По 1 милион евра ќе искешираат и Струга, Маврово, и Дојран, и тие беа полни но сепак тие се со помал капацитет од Охрид.

Во овие кризни времиња, за само 4 дена некој да дојде и да истури 5 милиона евра од хеликоптер врз Охрид, ќе добиеше споменик веднаш до оние на Свети Кирил и Методиј на пристаништето.

Да, имаше пиштење и вриштење, но оваа влада мисли на народот, сепак се знаеше кои се заболените кај се кластерите, и штета ќе беше да се остават сите гази да апартмани, вили, хотели, дуќанчиња, кафани, ресторани, возачи на бродчиња, изнајмувачите на детски колички, таксисти итн итн да останат со празни раце а од друга страна Скопјани 4 дена да бидат заробени во своите мали станчиња како во некакви кафези...

Вака, сепак, Охриѓани, Стружани, Дојранчани и Мавровци малце го наполнија џебот, сепак животот мора да продолжи и сметките мора да се плаќаат, мора да се јаде, облека треба да се купи, гориво во колите да се наточи, не може сите да легнеме и да умреме поради пандемијата, животот мора да продолжи, секако со туба дезинфект во џебот и маска и држење дистанца секако, тоа мора да биде така се додека не измислат вакцина.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија