МИЦКО, ИАКО СИ ГРУЕВИСТ ДО ГРОП, СЕПАК ТИ НЕ СИ МУ ДОРАСНАТ НИТУ НА ГРУЕВСКИ!

Објавено на 07.06.2020 во 23:40:28 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мицко, ти си учел од Грујо, ама оној Грујо забеганиот. Грујо аздисаниот, опиен од пари и моќ, понесен од бес и ароганција, изгубен во просторот и времето. Грујо после 2011-та!

Оној Грујо кој поверува дека му се може се, дека никој ништо не му може и никој никогаш нема да го победи на избори и да го симне од власт, дека ќе владее како Фидел Кастро, до смрт.

Но има и еден друг Грујо, тој пред 2006-та. Од него треба да учиш Мицко, затоа што ти си во срања како што беше и он, пред 2006-та. Имено, наследуваш безмалку распадната партија, без пари, без медиуми, изолирана од западот, СДСМ во врвот на моќта, коалициски капацитет НУЛА!

Мицко, за да станеш премиер, ти треба прво да не освоиш нас, новинарите. Нас да не придобиеш, шармираш, ние во тебе да видиме нова надеж, нова ѕвезда на политичкото небо.

Знаеш ли каква доверба имаше Груевски кај новинарите пред 2006-та. Епа, Сашо Ордановски и Ѓунер Исмаил во својот весник ФОРУМ го прогласија за човек на годината во 2000-та година!

Еееј, Сашо и Ѓунер, иконите на медиската левица!

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ерол Ризаов го фалеше во колумни! Се роди МИТОТ ЗА ГРУЈО ТЕХНОКРАТОТ, ГРУЈО ЕКОНОМИСТОТ, ГРУЈО ФИНАНСИСКИОТ ГУРУ, ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ДОНЕЛ БЕРЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА, ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ВОВЕДЕ ДДВ-ТО!

А1 беше обземена од тој Груевски, Дневник под палката на Геровски беше очаран од тој Груевски, Вест на Горан Михајловски, Фокус на Никола Младенов, Сител, сите силни големи медиуми беа магепсани од Груевски.

Странските амбасадори го обожаваа тогаш Груевски, американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ го убеди Тито Петковски да направи влада со ВМРО ДПМНЕ и да го сруши СДСМ од власт! Жената сега е некаде во Африка по казна за таа грешка што веруваше во потенцијалот на Груевски брзо да ја однесе земјава во НАТО и ЕУ и да го стабилизира балканот, а излезе сосема обратно!

А ти, што си ти сега Мицко дали знаеш? Кафанџија, аздисан разгален лидер кој уште не станал премиер се понаша како политичар на залез на кариера кој веќе не знае што е дозволено а што не?!

Неверојатна недисциплина! Неверојатна аздисаност и его трип! Неверојатен нагон за хедонизам и бликаш од неизживеаност! Теретани, лумпувања по кафани, лажење на јавноста те си бил опрема да земеш, те правилата не си ги знаел...

А пак политички, визионерски, Јанко Бачев за тебе е Хенри Кисинџер! Немаш идеја, немаш концепт, само гола реторика, нема визија, нема ни обид за некаква долга стратегија, само од ден за ден некакви смешни сплетки и замерки за владата со политичка длабина АЛА ТЕТКИ СЕ ЗАКАРАЛЕ НА СЕЛСКИ ПЛОТ!

А пак меѓународно, скаран си дури и со твоите сестрински партии од ЕПП, значи Бојко Борисов не сака да те види а Меркел нон стоп ти праќа заушки преку изјавите на топ германски дипломати кои ја фалат владата на Заев а праќаат апели до опозицијата да се вразуми и да го помогне процесот кон НАТО и ЕУ!

Се дружиш само со лошите момчиња во ЕУ како Јанша и Орбан, наместо да те видиме со Меркел, со Борис Џонсон, со Трамп, ти со овие диктатори и лопови се дружиш?!?!

Партијата ти се служи со лажни вести, со манипулација, така ли мислиш да не освоиш нас медиумите, новинарите?!

Па тоа и Грујо го знаеше, тој прво ги освои срцата на новинарите и колумнистите и аналитичарите кои потоа таа позитивна порака ја пренесоа на читателите публиката фановите свои...

Не можеш ти Мицко ДА НЕ СКОКНЕШ НАС НОВИНАРИТЕ и дирек да допреш до неопределените! Мораш прво нас да не поминеш а за тоа ќе треба да се помачиш!

Искрено да се извиниш за грешките на ВМРО ДПМНЕ, да ја реформираш партијата кадровски но и идеолошки, вредносно, цивилизациски, да видиме ново ВМРО ДПМНЕ, про западно, европско, цивилизирано, пристојно, да поверуваме дека може пак да ви се даде власт  а државата да не се распадне на парчиња!

Учи бе од Груевски, кога веќе си Груевист до ГРОП, барем научи како да дојдеш на власт, тоа барем од Грујо можеш да го копираш а за тоа како да владееш, учи од Заев! Ама изгледа ќе си се вратиш на Машински, не бива од секое дрво свирка!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија