ДУИ КОНЕЧНО САМАТА ГО ПРИЗНА ОНА ЗА ШТО ДОЛГО БЕШЕ ОБВИНУВАНА: ДЕКА СЕ АЛБАНСКА ВЕРЗИЈА НА ВМРО ДПМНЕ, ЗНАЧИ ЛОПОВИ, БАРАБИ, БАГРА МАФИЈАШКА НЕПИСМЕНА!

Објавено на 14.06.2020 во 21:42:09 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Народот вели дај му власт за да му видиш памет. Особено ова важи во моментите кога се губи власта. Тогаш паѓаат сите маски и се покажува вистинското лице.
 
ДУИ долго време глумеше прозападна, проевропска, процивилизациска, продемократска, прореформска, антикриминална, антинационалистичка партија која се колнеше дека ја носи земјава во ЕУ и НАТО ама ВМРО им пречеше во тоа 12 години.
 
Сега кога се со СДСМ 3 години на власт, тие беа оние кои нон стоп правеа гафови, значи скандалите во ПОШТА, скандалите на Матка, скандалите во Охрид и Струга, јавната тајна за коруптивноста на директорите и функционерите на ДУИ, особено обидот да се убијат случаите на СЈО со негласањето за новото ОЈО во собрание...
 
Сега кога СДСМ им објави војна и кога на ДУИ им се смее опозициската клупа, ДУИ реши да си го покаже своето лице до крај и фати заедно со ДПМНЕ да ги одолговлекува изборите до бескрај?!?!

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Практично она што го имаме сега е киднапирање на земјата од страна на неколку кадри на ВМРО и ДУИ на клучни позиции, тоа се Џафери, Дерковски и Чулев!

Замислете кој парадокс, СДСМ има премиер и претседател ама врзани им се рацете, кога ќе има избори одлучува опозицијата со идната албанска опозиција?!?!

Народот жестоко ќе ги казни ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, нивното нечесно бегање од пораз, ставањето на државните интереси на коцка, оставањето на земјава без институции во месеците кога ем се бориме со Корона ем кога се чека решавањето на Косово со можна поделба на земјата и размена на територии со Србија, нешто што ќе биде голем потрес на балканот.

ДУИ долго време беше обвинувана од многумина дека се лопови, апаши, мафија, багра уличарска, јас долго време се трудев да гледам на ДУИ со други очи, но тие овие денови самите го признаа сето тоа со своето однесување.

Се било маска, пропаганда, пр глума, политичка измама, и тоа морам да признаам многу добра!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија