Ако Груевци мразат некого повеќе од Заев, тоа е Ден Дончев, еве зошто!

Објавено на 23.06.2020 во 12:27:46 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

1. Во ВМРО ДПМНЕ има едно непишано правило, тој што од нивните ќе ги издаде и ќе смени страна, 100 пати повеќе ќе го казнат од оној што е од СДСМ и ни прави лошо.

Тоа правило е наследено од терористичката историја на ВМРО како воена организација од времето на основањето пред 100 години, а во последните години е надградено со мафијашкото поведение на партијата, знаете дека во мафииите, лојалност се цеин по секоја цена а предавството се казнува со физичка елиминација!

Затоа Љубе го апсеа залепен за ВЦ шоља и го ставија 10 години во зандана! Да се прати порака до своите дека предавството нема да се прости!

Ден Дончев е втор човек во ВМРО ДПМНЕ во последните 30 години, после Љубчо, беше и кандидат за наследник на Љубчо, беше шеф на изборен штаб, беше единствен со школо и тоа Харвард од САД, број еден универзитет во светот.

Но беше и благајник и човек од доверба на ВМРО ДПМНЕ, им ги знае сите сметки, матни зделки, злодела и злосторства! 

2. И што е најважно, да не заборавиме, Ден Дончев е првиот човек што го начна митот за ГРУЈО ЧИСТИОТ ДРЖАВНИК И ПАТРИОТ!

Се сеќавате на таа легендарна снимка од пред неколку години, ПРВАТА БОМБА од бомбите на Заев на која Грујо договара продажба на Македонска Банка на криминалецот газда Нини за милиони евра во кеш на 11 рати! Во тој момент, звездата на Грујо почна да бледнее, и неговата кола тргна во надолница и заврши во кал од која нема веќе вадење!

Епа таа снимка на Заев му ја обезбеди токму Ден Дончев.

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

3. Ден Дончев направи трето злодело, откако ја изневери партијата, откако го начна митот за Грујо, тој овие години им ги заплени 12-те милиони евра, парите со кои Грујо требаше безгрижно да се пензионира во Будимпешта. Не дека Грујо сега е бездомник и гладува, но сепак, 12 милиона си се 12 милиона и тоа ич не е заебанција! Колку и да се богати Грујо и Мијалков, сепак 12 милиона некој да ти замрзне е голем удар за секој мафијаш и одмаздата МОРА ДА БИДЕ ЖЕСТОКА!

4. Освен овие претходни удари на Груевџи, Ден Дончев им нанесе голем удар и на разните ланци на аптеки и веле дрогерии кои вртат над 100 милиона евра а за кои се шпекулира дека се 50% во сопственост на Груевци па и тука Ден сериозно ги има удрено по џебот екс режимците со тоа што ја укина нивната привилегирана состојба пред фондот за здравство, нема квоти за едни да трошат милиони евра додека за други квотите да се 10% од тоа! Со ова е нанесена голема штета и врз ВМРО ДПМНЕ кои сметале на паричната поддршка од Груевци!

Сето ова погоре го прави Ден Дончев единствена личност во земјава која е ПООМРАЗЕНА од Зоран Заев! Затоа тој има со години да биде мета на жестоки удари, манипулации, црна пропаганда а за жал и ако некогаш ВМРО ДПМНЕ се врати на власт, не му гинат 10 години робија со наместени судски процеси за што ВМРО ДПМНЕ ќе награди многу судии и обвинители со кеш, со унапредувања но и со закани и присила!!!

Ден Дончев ќе биде мета се додека во ВМРО ДПМНЕ не дојде до реформа и Груевци еднаш засекогаш исчезнат од земјава како извор на влијание моќ и подземни потези!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија