АЛО ВМРОВЦИ, НАРОДОТ СЕ ИСПРАВИ, ВО 2015-ТА ОТКАКО ГИ СЛУШНА БОМБИТЕ НА ЗАЕВ, И НЕМА ВЕЌЕ ДА ЈА ИМАТЕ ТАА ШАНСА ПАК ДА ГО ВИДИТЕ СВИТКАН КАКО ШТО БЕШЕ 10 ГОДИНИ ПОД ВАШАТА РЕЖИМСКА ЧИЗМА!!!

Објавено на 24.06.2020 во 12:50:20 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ВМРОВЦИТЕ направиле спот со кој го навредуваат народот, го нарекуваат свиткан, со свиткана глава, покорен па го молат да се исправи.
 
Не бе ВМРОВЦИ, народот беше едно време покорен и со свиткана кичма и наведната глава, тоа беше во 10 години режим ваш кога го товаравте како стока во автобуси и за еден ладен сендвич со шунка го влечевте на контра протоести, го влечевте за уши да гласа за вас, му фрлавте трошки на избори, му се заканувавте, го казнувавте, апсевте, тепавте...
 
Но тие времиња се зад нас, народот го слушна бомбите во 2015-та и се исправи! Се сеќавате ли на Шарена Револуција?! Се сеќавате ли на најголемиот митинг од 200 000 народ на 17-ти мај 2015-та?!
 
И од тогаш наваму редите само порази, на локални, на претседателски, така ќе биде и сега за три недели. Народот ве гледа во очи, исправен, и од вас веќе бара искрен пристап, реални решенија а не заплашувања, лажни вести, манипулации, гол нацинализам и популизам, од тоа веќе му е преку глава.
 
Со вакви смешни спотови нема да постигнете ништо. Народот не е глуп. Барем не до нивото кое вие се надевате. Ваквите трикови поминуваа во едно друго време, баш кога народот беше свиткан и не можеше се да види од таа перспектива.
 
Вие всушност копнеете и плачете по тие времиња, кога народот беше наведнат. Се надевате пак да се вратат тие времиња, но тој филм нема да го гледате, никогаш повеќе!
 
СДСМ е посилен од било кога, таа политичка сила нема да го остави народот во ваши раце за пак да се изживувате! Овој пат пред вас се партизаните, организирани, спремни за бој, тие се чуварите на РБЕТОТ НА НАРОДОТ!
 
Затоа марш во опозиција, да се реформирате, да се цивилизирате и така како нова ребрендирана реформирана десница да пробате да победите во фер битка со фер политичка понуда!
 
За тоа ќе ви требаат најмалку уште 4 години а можеби и повеќе!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија