МУ СЕ ЧУДАМ НА ПАМЕТОТ НА НАЌЕ ЧУЛЕВ, МИСЛЕВ ДЕКА ПОСЛЕ СЕ ОНА ШТО ГИ ЗАДЕСИ МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ И МИТКО ЧАВКОВ ДЕКА ВМРО ДПМНЕ ТЕШКО ЌЕ НАЈДЕ НОВА КАМИКАЗА СПРЕМНА ДА СИ ГО УНИШТИ ЖИВОТОТ ЗА ДА ИМ УГОДИ НА ЧЕЛНИЦИТЕ НА ПАРТИЈАТА

Објавено на 27.06.2020 во 16:03:49 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Одбива да казнува во сред пандемија со корона со што ја саботира битката на владата против болеста која убива луѓе.

Апси деца од хуманитарна организација во Струмица и ги држи цела ноќ во станица без налог на ОЈО.

Води трапава истрага за посетата на Мицковски на теретана, дава смешни изјави за отсјај.

Се обидува да му помогне на Мицковски кога беше затечен од инспектори во затворен дел од кафана, морало да интервенира ЕБР за да се спасат снимките од камерите.

Вика политичари на распит во полициски станици во сред кампања само да ги оцрни без наредба од обвинител.

На што ли уште е спремен Наќе Чулев, до каде ќе оди во совите блесави потези за да им учини на челниците на ВМРО ДПМНЕ?!?!

Мислев дека после се што им се деси на Миле Јанакиевски и Митко Чавков, нивното заглавување на 20-30 години робија и сета таа драма дека во ВМРО ДПМНЕ луѓето ќе си стават прст на чело дека имаат животи и семејства кои не вреди да ги ризикуваат во блесави глупирања за да им помогнат на криминалци и лоши политичари.

Но ете, ВМРО ДПМНЕ се покажа како бунар без дно, ризница за наоѓање вакви КАМИКАЗИ КЛОВНОВИ кои се спремни по наредба да се фрлат во Вардар со се кондури.

Башка што се гледа како ВМРО ДПМНЕ ќе владее ако дојде на власт, како пак МВР ќе биде МВРО ВМРО, но и Наќе Чулев треба да биде свесен дека тркалото се врти и дека нема до бескрај државата и системот да ги толерира неговите испади дека и Митко Чавков мислеше дека е над законот и никој ништо не му може па ете го сега скапува во зандана во Идризово и тоа ќе го прави две три декади.

Наќе, чукни ја малце тоа главата, свести се Наќе!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија