ГИ ЗАКОПАА СЕКИРИТЕ, СЕ СМИРИЈА: МАКСО ПРИСУТЕН НА ТРИБИНАТА ВО КУМАНОВО, ЗАЕВ ГО ПОФАЛИ

Објавено на 29.06.2020 во 00:07:13 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

И покрај јавните пораки кои на почетокот на корона кризата си ги испратија кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски и паријата од чии редови беше предложен, сепак Димитриевски денеска присуствуваше на граѓанската трибина на Спомен костурница во Куманово, на која зборуваа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потпретседателот на партијата, Оливер Спасовски и кандидатите за пратеници Сања Лукаревска и Мухамед Зекири.

Во говорот, Заев неколку пати го спомена Димитриевски, му се заблагодари што им ја овозможил трибината во Куманово и го спомена како свој соборец во Собранието на 27 април.

На почетокот на кризата Куманово беше град со најмногу заразени, а позитивен тест доби и градоначалникот на Куманово, па по средбата со него, во изолација беа неколку функционери од Владата. Позитивниот тест беше соопштен по владината посета на Куманово.

Додека беше во изолација тој на своја рака направи дополнителни тестови во приватни лаборатории кои беа негативни. Но, против него беше поднесена кривична пријава затоа што го прекршил решението за изолација.

По информацијата за пријавата, тој праша дали е на повидок нешто слично на режим, матичната партија на Димитриевски, СДСМ, се огради од неговата изјава, но и од неговото однесување.

Пријавата против Димитриевски беше отфрлена, а тој најави тужби.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет