Пет причини зошто мислам дека Заев вечерва победи против Мицковски

Објавено на 30.06.2020 во 23:17:24 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


1. Заев иако е веќе 3-4 години премиер, околу 10 години лидер на СДСМ, има зад себе серија на домашни и меѓународни успеси, дружење со Меркел, Трамп, Трудо, Ципрас, шефовите на НАТО, ЕУ, серија државници итн итн, сепак не покажа ниту ГРАМ, ниту ПРОМИЛ ароганција!

А можеше толку лесно да го направи тоа! Јас, еден ден да го имав од неговиот живот седнат во тоа премиерскиот кабинет, ќе бев арогантен до неподносливост!

Ќе му се смеев у фаца на Мицковски цела емисија, ќе се фалев колку многу ќе го згазам на изборите, ќе се фалев дека он не знае со кого си има работа, ќе дојдев во емисија неспремен, без концентрација, ќе направев и некој гаф, ќе му речев на Мицковски дека не ми е дораснат итн итн...

Сета таа ароганција ќе беше контра-продуктивна и што е најважно ќе го мотивираше противникот да напаѓа, ќе го потценев противникот, што е најголема грешка во политиката, Груевски тоа најдобро го знае...

2. Заев дојде во емисијата со цел да победи. Заев е човек што знае дека добиената војна е последица на многу добиени битки, секоја битка е важна, секоја микро битка, по стотици на ден, сите се важни.

Дуелот е една од тие битки, и Заев уште на почетокот покажа енергија, самодоверба, фокус и желба да се бори и да победи.

3. Заев напаѓаше цел дуел, не му оставаше на Мицко да се расплини, па дури ја користеше и старата техника на Пандов и Никовски, му влегуваше во збор на Мицко секогаш кога овој ќе почнеше да вергла лажни вести, значи секогаш кога ќе отвореше уста.

Нападот е најдобра одбрана, а со Мицко богами има каде да се напаѓа. Заев му ги знаеше слабите точки и тука удри жестоко цела емисија а тоа секако е снимката за Камчев.

4. Заев има моќ во директните дуели во живо да ја задржи концентрацијата и што е најважно нервите. Мицковски со грст навреди и исмејувања се обиде да го измести да го изнервира за Заев да се покаже како нервозен и некултурен, но Заев секогаш знае да ја оди таа совршена линија, да не изгледа како здрвен и досаден и без чувства, доволно енергичен но сепак дисциплиниран и да не претера во битката за од противникот да не направи жртва.

5. Клучни два моменти според мене беа, кога му кажа на Мицковски дека слушнал дека се спрема да бега за Швајцарија после изборите, значи и самиот лидер на ВМРО ДПМНЕ знае дека ќе биде поразен, и вториот момент беше кога самоуверено ја кажа проекцијата за изборите, тие бројки 55 и 48 ќе се врежат длабоко во психата на граѓаите и мислам дека Заев ќе го погоди резултатот, не му се први избори и добро знае да процени кој како ќе гласа, со секој град, до секоја населба во секој град!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија