(ВИДЕО) Спасовски од Шуто Оризари: Парите ги враќаме кај граѓаните, влечеме кон развојна економија, режимот никогаш повеќе нема да влече за уши

Објавено на 01.07.2020 во 17:45:24 часот | Македонија

Ние бараме мандат да продолжиме да ги враќаме парите кон граѓаните, а тие бараат мандат за да го обноват режимот и да продолжат да крадат, изјави Оливер Спасовски, носител во ИЕ 2.

„Од Шуто Оризари порачуваме дека никогаш повеќе режимот нема да „влече за уши“, затоа што Македонија е на правиот пат и во слобода продолжуваме да влечеме кон нова развојна економија и егзистенција за сите.

Ќе ги враќаме и натаму парите кај граѓаните преку:

Зголемување на лимитот за повратот на ДДВ кон граѓаните, од 600 на 800 денари месечно за 9.600 денари годишно повеќе пари во семејните буџети. Досега, кај над 300.000 граѓани кои скенираат фискални сметки се вратени над 10 милиони евра.

Ја зголемуваме потрошувачката моќ на граѓаните со тоа што:

Минималната плата ќе ја покачивме од 14.500 на 20.000 денари, а беше 9.000 денари. Просечната плата од 22.300 денари ќе ја покачиме на 34.000 денари до крајот на мандатот.

Ќе воведеме минимална пензија за ниту еден пензионер да не зема помалку од 10.700 денари. Пензиите се покачени за 720 денари од јануари за сите пензионери и со новото усогласување, пензионерите, во 2020 година ќе примат поголеми пензии.

Досега:

За 300 проценти ја зголемивме социјалната помош. Повеќе од 26 илјади домаќинства користат гарантиран минимален приход повисок во просек за 300 проценти.

Над 33.000 деца во училишна возраст примаат по 1.000 денари месечно детски додаток.

Воведовме образовен додаток за основци и средношколци од семејства во социјален ризик: 700 денари месечно за додаток за ученик во основно образование или 8.400 денари годишно по ученик во семејството. 1.000 денари по ученик во средно образование или плус 12.000 денари годишно во семејството.

Над 31 илјада социјално загрозени домаќинства, заклучно со февруари годинава се ослободени од сметките за струја. Ги плати Владата со пари од државниот буџет за оваа намена.

Ја вративме евтината тарифа на струјата, ја укинавме радиодифузната такса и го намаливме ДДВ-то за парно и со тоа секое семејство годишно заштедува по 4.000 денари.

Можеме и повеќе и подобро и продолжуваме во сигурна иднина со нова развојна економија, заедно, по правиот пат што го избравме“, посочи Спасовски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет