ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ШЕФОТ НА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ - Муслиу: Агенцијата за разузнавање била неискрена со Обвинителството за „Диво насеље“

Објавено на 04.07.2020 во 13:29:48 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 
 
 
Агенцијата за разузнавање добива нови информации за случајот „Диво насеље“ во кој загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружена група, вели директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-По однос на „Кумановскиот настан“, морам да го кажам ова, констатирана е неискреност кон Јавното обвинителство. За мотивите на групата јасно е дека преовладувал политичкиот мотив за ангажирање на припадниците, иако се спомнува и финансискиот момент. Нејасна е причината за контактите на оперативците со водачите на вооружената група, односно недостасуваат информации за нападот во Гошинце и упадот на групата во урбаниот дел на Куманово. Но, добро е што јавноста ја разбра новата реалност во Агенцијата, односно автономноста и објективноста во нашето работење, па почнавме да добиваме нови информации кои за Агенцијата претходно беа непознати. Сепак, сметам дека одреден дел од потребните сознанија за да го комплетираме целиот случај се наоѓаат кај некои од осудените. Не исчезнаа сите тајни со загинувањето на двоецот Ризај и Ндрецај, тврди директорот.

За него кумановските настани и насилството во Собрание на 27 април се две темни дамки во поновата историја на нашата држава, но и горки искуства за Агенцијата. Веднаш кога бил поставен на функција во Агенцијата биле формирани соодветни Комисии со задача да ја утврдат фактичката состојба од аспект на улогата на Агенцијата во двата настани.

-По однос на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, направени се грешки во раководењето и селекцијата на оперативците кои биле ангажирани. Најнапред е нејасно зошто била инволвирана Агенцијата и нејзини припадници во настани од надлежност на органите за јавен ред. На терен биле испратени припадници со минимално работно искуство во Агенцијата или со штотуку положен приправнички испит. Биле испратени на терен без јасна цел и оперативна подготовка, односно требале да идентификуваат странско присуство на субјекти за кои нема идентитет, опис или фотографија, вели Муслиу.

На прашање дали оперативците вмешани во овие настани работат уште во Агенцијата за разузнавање тој вели:

-Од оние кои биле вклучени во раководењето, давање инструкции и оперативното постапување на терен, поврзано со „Кумановскиот настан“ можам да кажам дека денес неколкумина од нив не се веќе припадници на Агенцијата, а тогашниот директор сега е министер за внатрешни работи. По однос на насилниот упад во Собранието, како што знае и јавноста, имаме еден осуден припадник на Агенцијата, други кои биле ангажирани веќе не се дел од нашиот состав, а тогашниот директор истотака веќе не е дел од армиско безбедносниот состав.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет