ШПИЦЕН ЛАЖГО!!!

Објавено на 04.07.2020 во 14:30:49 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Тврдеше дека работел про-боно како советник на Груевски, па излегоа докази дека добивал по 5.000 евра месечно...
Тврдеше дека никогаш не се сретнал со Зоран Кичеец, па излегоа аудио-снимки дека редовно се сретнувал...
Тврдеше дека видео-снимките од посета во теретана не биле за време на полициски час, туку дека биле лански, па излегоа нови видео-снимки на коишто се гледа дека обезбедувањето носат заштитни ракавици... Па го спасуваше Наќе со глупото објаснување дека тоа било отсјај...
Тврдеше дека се бори за неселективна правда, па излегоа СМС пораки дека 'ургирал' во МВР за истрагата против него... Со оној фамозен извичник на неговото име...
Тврдеше дека издејствувал финансиска помош од Словенија, па излезе информација дека парите всушност биле во рамките на проект од ЕУ...
Тврдеше дека не знаел дека било забрането да се седи во затворен дел од ресторан, а се криел во тоалет во ресторанот и го криеја и го спасуваа келнерки...
Тврдеше дека се залага за правда, а во снимките слушнавме дека го спасувал Орце Камчев и се борел да не успее предметот на СЈО „Империја“...

Ваков човек, ваков политичар, ваков ЛАЖГО, после толку скандали, во нормална држава веднаш би морал да се повлече од политиката... А не да претендира да дојде на власт!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет