(ВИДЕО) Кацарска: Со ваква кампања Мицкоски покажува дека не е за борба против организираниот криминал и корупција

Објавено на 04.07.2020 во 14:39:06 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 
 

Судијката Добрила Кацарска која заедно со обвинителката Вилма Рускоска, денеска се најдоа во кадрите на најновиот предизборен спот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа направени од картон, во вид на сликички. По тој повод, Кацарска за ТВ 21 излезе со свој личен став во врска со ваквите невкусни постапки на опозицијата.

“Ова не е првпат Мицкоски и неговата партија да ме спомнуваат мене. И во кампањата за претседателските избори имаа спотови каде што се споменував јас. Со ваквата негативна кампања сметам дека прават повеќе штета на својата партија. Партиите добиваат државни пари за да ја рекламираат својата програма и своите кандидати. Со оглед дека јас не сум кандидат за пратеник, произлегува дека тие ги злоупотребуваат парите на даночните обврзници” – изјави Кацарска.

Кацарска во продолжение додаде дека нејзината работа веќе била оценета од релевантни меѓународни институции и дека Мицкоски со ваквите постапки покажува дека не се залага за борба против организиран криминал и корупција.

“Со ваква кампања Мицкоски покажува дека не е за борба против организираниот криминал и корупција и можеби тој како кандидат за премиер јасно покажува дека ќе го штити криминалот и ќе поддржи судии кои ќе работат спротивно на законите” – додаде Кацарска.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет