Заев од Крива Паланка: За три месеци исплативме 90 милиони евра за помошта од 14.500 денари по вработен, ќе покажеме дека можеме и повеќе и подобро

Објавено на 04.07.2020 во 22:10:32 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Покажавме дека можеме, ја кренавме економијата, градиме инфраструктура насекаде,  а потврда за тоа е токму Истокот кој не се градел никогаш како што се гради сега, порача вечерва во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во ИЕ 4, Зоран Заев.

- Не градиме само патишта, железницата беше комплетно застаната со градба, ние ја раздвиживме. Се гради и гасификацијата, 80 отсто е изградена примарната и секондарната мрежа, прстенот го затвораме, останува вантре да се позврземе и на тоа ќе работиме со општините. За две и пол години изградивме 750 километри. Најдовме пари за се и за да градиме канализации и водоводи и да враќаме пари назад кај граѓаните, порача Заев.

Тој посочи дека последниот доказ дека се спровеле успешни економски политики е справување со коронавирусот и економските последици.

- Ниту еден ден не задоцни ниту една пензија, напротив ги пуштивме пред време, не доцнеа платите, ниту повратот на ДДВ кон компаниите. Тоа го постигнавме затоа што димензионирањето на мерките од институциите, беше соодветено, да го заштитиме здравјето на граѓаните, но и да ја оставиме економијата да живее. Трет месец исплаќаме по 30 милиони евра за помошта од 14.500 денари по вработен, кон околу 200.000 вработени. Тоа се вкупно 90 милиони евра само по овој основ. Преку платежните картички и ваучерите, 324.000 граѓани добиваат по 3.000, 6.000 или 9.000 денари. Овие пакети на помош се најсериозната потврда дека сме создале здрава економија и затоа сме подготвени за следниот бран, за четврт пакет мерки, заклучи претседателот Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет