Заев: Од 1 јуни 2017 година нема никакво прислушување!

Објавено на 05.07.2020 во 11:50:42 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 
Во Северна Македонија веќе започна изборната кампања која е невообичаена во однос на сите претходни. Со заштита и дистанца, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за МИА вели дека неговата партија води комплетна грижа за здравјето на граѓаните.

Јас и коалицијата „Можеме“ комплетно водиме грижа приоритетна за здравјето наше и на граѓаните, кои ни се гости на сите настани. Држењето дистанца покрај носењето маска е дупла превентива, која што верувам дека успеавме да ја одржиме, секако пред настан, после настан дезинфекцијата на рацете и комплетно одбегнување на секаков вид на гушкање или сето тоа што е традиционално заради топлината на нашиот народ. Жалам што нашите опоненти тоа не го прават. Се доведовме да тие и господинот Мицкоски и нивните носители, нивните кандидати за пратеници бидат еден лош пример, па гледаме слики на кои сите се прегрнати, кој со маска, кој без маска“, вели Заев.

Како што се наближува изборниот ден, така се повеќе пукаат „бомби“ на интернет просторот поврзани со функционери од државава. Како тоа да се спречи во иднина?

Од 1 јуни 2017 наваму нема никакво прислушување. Апсолутно никој од јавните институции немаат допир до тоа, дури ОТА како агенција која што ги прави конекциите нема право на увид на материјал или што било. Толку е разграничено со европските директиви, тоа го работевме во реформите на безбедноста  заедно со европската делегација, ЕК, со многу експерти дојдени, плус од НАТО и јасно е разграничено, не постои никакво прислушување во државата, освен со судска пресуда за истрагите против кршењето на законите во Македонија“, додаде Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет