ЛАДЕН ТУШ ЗА ВМРОНИТЕ: Брима потврдува дека спровела анкета, само не ја објавила таа туку тие кои ја нарачале!

Објавено на 07.07.2020 во 14:20:37 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

– Наводите дека Брима воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека Брима не ја објавила анкетата, а истата ја спровела во наведениот период.

Ова стои во денешната реакција на Брима, откако дел од медиумите објавија дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква анкета во Македонија за предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули.

Во анкетата водство има СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „Доколку се одржат праламентарни избори денес, за која политичка партија или коалиција ќе гласате?“, 18,7 проценти од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, поддршка од 15,1 процент би добила ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ би гласале 8,2 отсто од испитаниците, а Алијанса за Аалбанците би освоила 4,9 проценти од гласовите. Шестнаесет проценти од анектираните навеле дека нема да гласаат.

-Ве известуваме дека Брима четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо–политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на Брима. Овие податоци кои се сопственост на Брима ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив, се вели во реакцијата.

Истражувањето во јунскиот бран е спроведено од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета на национално репрезентативен примерок од 1174, испитаници на возраст над 18 години.

-Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување,  се додава во реакцијата на Брима.

На прашањето во анкетата на Брима Галуп во кој политичар имаат најголема доверба 9,4 проценти од анкетираните го посочиле претседатело на СДСМ Зоран Заев, 4,2 отсто поддршка му дале на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по што следуваат Венко Филипче и Стево Пендаровски. Поддршка од 2,9 проценти има Зијадин Села, додека Али Ахмети според анкета ужива доверба од 2,8 отсто.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет