ЖЕСТОКАТА БОМБАРДИРОВКА ПРОДОЛЖУВА, КАМЕН НА КАМЕН НЕМА ДА ОСТАНЕ ОД БЕЛАТА ПАЛАТА: - Јанушев и Јанакиески во нови „бомби“: Договарале исклучување на струја и лифтови

Објавено на 07.07.2020 во 16:31:12 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

Три  нови „бомби“ се објавени на Јутјуб каналот  Обнова на режимот каде повторно се објавија  разговори меѓу носителот на пратеничката листа во изборната единица три, Игор Јанушев и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Разговорите се именуваат како „Не не сакаат“, „Да се јавиш да пријават дефекти нашите да нема струја“ и „Да ги е.. гаси лифтовите“.

Во првиот разговор, се зборува за исклучување на лифтови во згради, метода која се користеше на денот на гласањето на локалните избори во 2013 година. „Со Милош се слушам неколку пати“, му вели Јанушев на Јанакиески, кој го препрашува: „Со кој?“, а Јанушев повторно одговара: „Со Милош“, а Јанакиески враќа: „Добро“. Јанушев објаснува: „Вика не знам што да правам со лифтовите“, на што Јанакиески враќа: Нека ги е*ат брат“, а Јанушев дообјаснува: „Вика, нашите ми е страв дека нема да можам да ги изнесам без лифт.

На вториот објавен материјал се слушаат Јанушев и Јанакиески како се договараат да се пријават дефекти со струја во точно одреден термин, на точно одредени адреси.  „Утре меѓу 6 и 7 да се јават во ЕВН“, а Јанушев одговара: „Добро“, по што Јанакиески додава: „Да пријават дефект, сега ќе ти го пуштам бројот“.

Во третиот разговор Јанакиески го прашува за заклучокот за изборите, а Јанушев констатира дека „не не сакаат и Владо не го сакаат“.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет