(ВИДЕО) Заев за Груевски: Кога тогаш, ќе се врати назад и ќе си ја одлежи казната во Шутка и Идризово

Објавено на 07.07.2020 во 17:41:54 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

На трибината во Гази Баба лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше запрашан кога ќе го  вратиме Никола Груевски од Будимпешта да си ја одлежи казната.

Заев одговори дека Груевски, а тоа сите го знаеме,  два дена пред да побегне џогираше на вардар, ништо не му фалеше, имаше транспарентно судење, набљудувано од ОБСЕ, дека беше слободен и сепак доби азил во Унгарија како загрозен.

-Кога тогаш, тој ќе се врати назад, не може бесконечно со кршење на меѓународното право некој да го заштитува. Очекуваме од земја членка на НАТО и на ЕУ да биде пример за нас. Се бориме со правни аргументи, бараме испорачуваме за случајот за кој има пресуда и за другите отворени предмети и верувам дека еден ден ќе се врати и ќе си ја одлежи казната во Шутка и Идризово, рече Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет