ОРДАНОВСКИ: Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!

Објавено на 07.07.2020 во 19:12:42 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Ова е една од лапидарните реплики на Заев на вчерашниот телевизиски дуел на МТВ. Тоа, се разбира, не е точно. Господинот Мицкоски разбира многу работи. Само што во оваа кампања реши да се занимава речиси исклучиво со својот директен опонент Заев – и со ништо друго, во каков било значаен обем, форма и количество.

Дали таквата стратегија – за што овде повеќе пати е анализирано – ќе даде резултат за изборен пресврт за опозицијата?

Сега, на една недела пред изборите, одговорот на тоа прашање вреди милион долари. Но, што друго и може(ше) да прави опозицијата во оваа кампања?

„Големите“ надворешнополитички теми за Македонија, што традиционално предизборно се дрндале на секои претходни избори триесет години наназад – НАТО, ЕУ, регион – се затворени или се одвиваат на толку убедлив начин за власта, што ги прави, практично, недопирливи за „напад“ од опозицијата.

Најважната внатрешнополитичка тема, пак – меѓуетничките односи – не успева да се „отвори“ на задоволителен начин за опозицијата ни со провокативните идеи на ДУИ за „премиер Албанец“, бидејќи таа контроверза се испоставува како многу повеќе внатре-албанско етно-политичко прашање за борба за гласови, отколку за, објективно, „проблем“ за целата политичка сцена. ВМРО-ДПМНЕ ни на оваа тема не може значително предизборно да авансира. Дури и нивниот предизборен предлог за „отворање“ на Уставот и за етно-идентитетска редефиниција на политичкиот модел на државата – иако исклучително опасна политичка идеја – поминува потполно „глуво“, како предизборна „петарда“ за која дури ни тие самите не инсистираат сериозно да се разговара.

Економијата и социјалата, пак, се турнати сосема во „втор план“, а и на тие теми аргументите и остварувањата на власта делуваат поубедливо, имајќи ги сите светски и домашни околности предвид, па дури и на ниво на тоа кој повеќе, евентуално, ќе излаже за „медот и млекото“ што се нуди да потече по улиците и сокаците во Македонија после изборите.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет