(ВИДЕО) ПОЛИЦИСКО МАЛТРЕТИРАЊЕ: Полицаец му удира шамар на момче во Скопје

Објавено на 07.07.2020 во 20:34:01 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 
 
 
Видео на кое се гледа како полицаец му удира шамар на момче испратиле граѓани кои биле сведоци на настанот до редакцијата на Телма.

Според нивното кажување, инцидентот се случил вчера попладне на улица „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4. Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но потоа еден од полицајците му удира шамар, а друг го трга на страна и вербално го напаѓа.

Во Одделот за внатрешната контролапри МВР потврдиле дека видеото стигнало и до нив утрово. Се работи на препознавање на полицајците по што ќе следува и понатамошна постапка, рекле од Одделот. И според нив првичниот впечаток е дека полицијата без потреба употребила сила, но сепак конечната одлука ќе следува откако ќе се разговара и со припадниците на МВР.

Инаку, ниту еден од тројцата полицјаци кои се на местото на настанот не носи ниту заштитна маска, ниту ракавици и покрај мерките за задолжително носење кога не може да се држи дистанца.

Видеото погледнете го на овој линк.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет