ГОРАН СДК: Заев од предизборните собири вика „Можеме“. Секоја чест. Докажа дека може да нѐ внесе во НАТО, да реши тридецениски спор што беше заверен во Обединетите нации. И докажа дека можеме да бидеме добри соседи, отворени луѓе, без предрасуди кон различностите… Слободни сме!

Објавено на 07.07.2020 во 20:50:15 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Од памет се извадив кога еден дописник ми кажа дека дури и лекарите и сестрите, што од болниците во внатрешноста ги селат ви Скопје да помогнат во Инфективната клиника и болницата „8 Септември“, директорот ги избирал по принципот пола-пола. Двајца од СДСМ, двајца од ВМРО-ДПМНЕ. Баш така, како што на почетокот на коронакризата ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека става на располагање два стручни тима од „нивните лекари“. Срам ми беше тоа што го слушнав и еве, признавам дека од што се разочарав, решив и да не го објавам. Оти, тие се професионалци што изгинаа последниве 4 месеци.

За каква „нема правда нема мир“ зборуваме кога и сега, по сите гадости што ги слушнавме, па и ги чувствувавме од времето на режимот на Груевски, сфаќаме дека ако партијата реши да го покрие криминалот, тогаш ќе нема правда. А ти, како непартиски никогаш нема да дојдеш ни до правда ни до соодветно место за својата стручност.

Заев од предизборните собири вика „Можеме“. Секоја чест. Докажа дека може да нѐ внесе во НАТО, да реши тридецениски спор што беше заверен во Обединетите нации. И докажа дека можеме да бидеме добри соседи, отворени луѓе, без предрасуди кон различностите… Слободни сме. Ама, дури и тоа што треска глупости во кафана па после се извинува, не ме вознемирува толку колку што ме вознемирува искуството дека секој од нас барем еднаш се соочил со сознанието оти партијата го победува граѓанинот. И дека како што партискиот интерес ја победува правдата, така и интересот на партијата го победува јавниот интерес.

Ако стварно можете, тогаш докажете со дело. И ветете дека ако победите, стварно ќе ја департизирате државата. Оти, џабе ќе ви биде преговарачката рамка со ЕУ.

Целата колумна на СДК на следниот линк.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет