АНКЕТА НА СТРАТУМ: Анкетата покажува дека Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципира од граѓаните како победничка коалиција и има стабилна предност (31%) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (27%) пред вонредните парламентарни избори на 15 јули

Објавено на 07.07.2020 во 22:48:07 часот | Македонија

 

Кузмановиќ Весна

 

Tel  +389 2 3220613

 

E-Mail

[email protected]

Медиуми во

РС Македонија

 

Почитувани,

 

Согласно општествените случувања во Република Северна Македонија, поточно одржување на Предвремени парламентарни избори, агенцијата СТРАТУМ Р&Д спроведе сопствена телефонска анката на репрезентативен примерок од 900 испитаника (150 испитаника по Изборна единица) во периодот на првата недела од јули односно од 1ви до 6ти јули 2020. Испитаниците беа бирани на фиксни телефони во домовите со удел од 60%, а 40% согласно запазување на квотите за репрезентативност на примерокот беа бирани на мобилни телефони.

Стратум Р&Д е компанија регистрирана во 2015та година, како консултантска компанија во област на Истражувања, развој и стратешки менаџмент со фокус на иновациски менаџмент. Основач е Весна Кузмановиќ која има 20 год искуство во областа на истражување на пазар и последните 5 години во област на Менаџмент на иновации. Весна Кузмановиќ беше основач и на компанијата STRATUM Research која по 7 години работа беше аквизирана од GfK Skopje и цели 15години под нејзино лидерство беше број 1 истражувачка компанија на територијата на Северна Македонија и Косово.

 

Во моментов, компанијата има 7 вработени и над 200 надворешни соработници на територијата на Р.С. Македонија, како и партнер компании низ Европа, Америка и Канада

СТРАТУМ Р&Д ја препознаваат на глобално ниво по иновативната платформа за невромаркетинг ИМПАЛА.

 

Прашањата во оваа анкета се операционализирани како варијабли - ставовите на граѓаните кон општествено социјално и политичкото функционирање на државата.

Анкетата покажува дека Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципира од граѓаните како победничка коалиција и има стабилна предност (31%) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (27%) пред вонредните парламентарни избори на 15 јули.

Опис на примерокот по клучните социодемографски варијабли:

 

КЛУЧНИ НАОДИ од анкетата се:

  • Овие избори ќе се одржат во најкомплицирана состојба од аспект на психосоцијална и економска состојба на бирачите
  • Таа комплицирана состојба се рефлектира и во расположенијата на граѓаните кон сите теми
  • Евалуациите се претежно негативни на сите теми, проблеми и аспекти на социјално економското функционирање. Скоро и да нема евалуација која ја надминува просечната вредност од 3, барем неутрално да се изјаснат
  • Гласачките определби одат во корист на СДСМ но, сепак со напомена дека разликата не е статистички значајна
  • Значајна разлика се јавува во перцепција на победничка партија каде СДСМ од 5% ипитаници повеќе е перципирана како партија која ќе формира Влада по изборите
  • Во однос на постизборни коалиции, најголемиот број од испитаниците се согласуваат со ставт дека СДСМ не треба да прави коалиција со ДУИ
  • Во однос на платформата на ДУИ за Премиер избран врз национална основа, значајно висок % на испитаници, над 70, сметаат дека Македонија не треба да вопостави критериум за избор на Премиер врз национална основа

 

Со огромна почит

Весна Кузмановиќ

Managing Director

СТРАТУМ Р&Д

Ул Димитрије Чуповски 25-1/5,
1000 Скопје, РС Македонија
e-mail: [email protected]

 

 

loading...

 

Македонија

Свет