МИСОВСКИ: СО ЗАБЕТОНИРАН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ПО НАТО, ВЛЕГУВАМЕ И ВО ЕУ

Објавено на 10.07.2020 во 09:56:21 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Македонскиот јазик го забетониравме, македонскиот индентитет е зацврстен, признаен од сите, од ЕУ, од НАТО, од целиот свет“, им порача Мисовски на жителите на скопската општина Аеродром, со кои се сретна во рамки на тренските предзиборни активности на коалицијата „Можеме“.

Тој истакна дека политичките приказни кои ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ во врска со Преспанскиот договор и загрозувањето на македонскиот идентитет, се покажаа како ветер и магла, илузии, кои им беа од корист само на политички групации поврзани со криминалното уривање на државните институции и грабежот на граѓаните.

„Јазикот на кој треба да се преведе европското законодавство е македонски јазик, тој е заведен нашата лична карта во ООН, македонскиот јазик е јазикот на кои ја водиме меѓународната комуникација“, рече Мисовски.

„За три години успеавме да ја поставиме државата на прав пат, да ја извлечеме од изолацијата и да ја направиме полноправна членка на НАТО, да се најдеме пред почеток на преговори со ЕУ. За да продолжиме да чекориме сите заедно напред по овој пат, кон модерна и економски развиена земја, на 15 јули гласот за коалицијата „Можеме“ ќе биде голема одлука за иднината на вашите најблиски“, порача Мисовски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет