Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

Објавено на 10.07.2020 во 10:50:38 часот | Македонија

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година. Истовремено, банката е добитник и на наградата „Commerzbank’s STP Award 2019“ која ја доделува лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери.

Светскиот финансиски магазин Глобал Фајнанс, публикација на Светска Банка од Вашингтон, секоја година прогласува најдобри банки во различни сегменти на банкарското работење, а изборот на најдобрите банки го вршат уредниците на списанието во соработка со истражувачки тим и издавачот, кои по опсежни анализи на номинираните во одделните категории, одлучуваат која банка ќе го однесе приматот во определена категорија за дадената година.

Главни критериуми за добивање на наградите се остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи и степенот на воведени иновации во категоријата каде што се врши изборот, како и адаптибилноста на банката на промените во финансискиот сектор.

Оттаму, да се биде дел од листата на Global Finance претставува вистинска привилегија. За Халкбанк, чие мото е „Важни се луѓето“, добиената награда е потврда за квалитетната и посветена работа и настојувањата да се обезбеди висок квалитет на услугите во сите сегменти на банкарското работење со население.

Наградата од Комерцбанк АГ е потврда за ефикасната соработка со тимот на Халкбанк и признавање на оперативните вештини што ги исполнуваат највисоките стандарди на меѓународните плаќања.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет