Заев се обрати на албански: ДУИ во опозиција, зошто да не?

Објавено на 11.07.2020 во 08:33:26 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната партиска трибина во Скопје упати порака до ДУИ на албански јазик дека заминува во опозиција.

-ДУИ заминува во опозиција.  Pse jo BDI në opozitë“? – рече Заев, што во предвод значи зошто да не оди ДУИ во опозиција?

На тој начин, Заев карикира со слоганот „Зошто да не“ кој е дел од кампањата на ДУИ за промовирање на идејата за прв премиер Албанец.

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на Централната трибина во Скопје.
 
-На 15 јули да не бараме изговори дека не зависи од нас, зависи од секој. Буквално од секој полнолетен граѓанин на оваа наша земја. Патот се чува, но и патоказот и правецот се дава. Се дава исклучиво од вас граѓаните – порача Заев повикувајќи ги граѓаните на масовна излезност на 15 јули.
 
Осврнувајќи се на понудата од опозицијата, Заев порача дека таму нема ништо освен црнила и негативна кампања, без реална понуда за граѓаните.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет