Бучковски: Дали скопјаните кои се во викендиците во Охрид и Маврово ќе дојдат да гласаат?

Објавено на 11.07.2020 во 08:45:38 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
Поранешниот премиер Владо Бучковски на „360 Степени“ даде предвидување за исходот од предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во среда. Според него, одлучувачки ќе бидат втората и петтата изборна единица.

Анализирајќи ги можните исходи, Бучковски предвидува дека ДПА во шестата изборна единица може да освои еден 1 пратеник, 8 пратеници би се поделиле меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на СДСМ и БЕСА, веројатно по принципот 5 спрема 3, а останатите 11 пратеници би ги поделиле ДУИ и коалицијата ААА.

Тој очекува во третата и четвртата изборна единица поделба на мандатите 10 наспрема 10, додека неизвесна е првата изборна единица.

-Одлучувачки ќе биде 1-та изборна единица, дали СДСМ ќе ја зголеми разликата која, да речеме, во онаа симулација која вие ја правевте минатата година беше 10-9 за СДСМ. Дали ќе успее во овој период кога половината од Скопје е по своите викендици во Охрид, Маврово, на другите места, дали ќе се вратат и ќе гласаат – истакна поранешниот премиер.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет