ГОРАН СДК: На СДСМ и на Зоран Заев можам да им најдам едно чудо маани и некадарност. Но, за мене бесценето е дека сега имаме слобода

Објавено на 11.07.2020 во 09:07:05 часот | Македонија

Оваа колумна ги памети сите избори во независна Македонија. Ги памети и сите историски моменти во поновата македонска историја. Многу ретко на ова место си ги раскажувам личните приказни поврзани со настаните на кои сум бил сведок, а во некои сум бил и учесник. Се погоди оваа недела да биде 20-годишница од основањето на „Вест“, чиј главен уредник бев од почетокот во јули 2000 до декември 2015 и каде што оваа колумна излегуваше најдолго. И се погоди оваа недела да биде кулминација на предизборната кампања. Па така, и мене ме зафатија измешани чувства и вознемиреност кога се сетив на тоа што било тогаш и на тоа што може да ни се случува по изборите на 15 јули.

„Вест“ беше популарен весник кој го почитуваа и тие што не нѐ сакаа. „Вест“ повеќе не постои. Го уништија набргу откако и мене ме присилија да си заминам. Сакам да се сеќавам само на убавите моменти на весникот, на неговиот раст, рекордни тиражи, награди и успеси сѐ до 2012. Ама, сѐ уште не можам да ги заборавам најужасните 4 години по 2012, кога весникот падна во рацете на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

На СДСМ и на Зоран Заев можам да им најдам едно чудо маани и некадарност. Но, за мене бесценето е дека сега имаме слобода. За разлика од тие најцрни денови за македонското новинарство, денес можеш и да прашаш, и да објавиш, и гласно да зборуваш, па и да дебатираш со власта за тоа што не ти се допаѓа. А не да те замолчат од позиција на сила со мафијашките методи што ги практикуваа. Колку студенти сега се истепани? Колку новинари се избркани од работа? Колку невладини организации се сардисани со инспекции? Колку медиуми се затворени? Кога во претходните 12 години имало волку дебати по телевизиите, отворени за сите?

Страшно сум разочаран дека СДСМ не ја донесе правдата за која се боревме. Сепак, се надевам дека можеби правда ќе има. Ама, убеден сум дека ако нема слобода, нема да има ни правда.

А слободни до пред три години не бевме.

Целата колумна на СДК.МК

 

 

loading...

 

Македонија

Свет