ВМРО ДПМНЕ СЕ ИЗБРУКА: По грешка објавена инструкција за вест против СДСМ на порталот „Република“

Објавено на 12.07.2020 во 12:26:54 часот | Македонија

На порталот„Република“по грешка беше објавена инструкција како да се напише текст против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

tekst

Со латинична поддршка, пред крајот на текстот насловен како „СДСМ во паника: Тргнато видеото на кое се слуша како Заев договара паѓање на судски случај на порталот“ пишуваше: „Направете една вест дека СДСМ во паника го бутна видеото каде се гледа како Заев договара паѓање на судски случај“. Оваа реченица подоцна беше избришана.

tekst-3

Текстот беше објавен откако првпат од почетокот на предизборниот период во кој се објавуваат разговори од функционери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, избришан е тонски запис прикачен на „Јутуб“.

Слични наслови имаше и на порталите „Курир“ и „Нетпрес“ кои објавија: „СДСМ го ‘бутна’ видеото на кое се слушаат скандалозни изјави на Заев“ и „СДСМ го избриша видеото од Јутјуб каде се слуша како Заев договара паѓање на судски случаи (ВИДЕО)“.

tekst-2

Од порталот Република во насловот пишуваат дека видеото е тргнато поради паниката во СДСМ, па големиот дел од граѓаните не можат да слушнат што говори Зоран Заев, во друга објава покрај отстранетата снимка од „Јутуб“ има линк од видеото на Фејсбук. Во самиот текст не е наведено кој го има избришано видеото и зошто тоа го сторил.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет