(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
ШИЛЕГОВ ГИ ПОДДРЖУВА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДЕГРАДИРАШЕ
ШИЛЕГОВ ГИ ПОДДРЖУВА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДЕГРАДИРАШЕ
БОМБА НА ЏАФЕРОСКИ: ОБЕЗБЕДИВ 30 милиони странска инвестиција во Општина Долнени
БОМБА НА ЏАФЕРОСКИ: ОБЕЗБЕДИВ 30 милиони странска инвестиција во Општина Долнени
БОМБА НА ЗАЕВ: ТИЕ ШТО СЕ БУНАТ ВО СДСМ СЕ ЛУЃЕ КОИ САКАА ДА БИДАТ МИНИСТРИ И ДИРЕКТОРИ АМА НЕ ГИ ДОБИЈА ТИЕ ФУНКЦИИ ЗАТОА ШТО НЕ МОЖЕ СЕКОЈ ДА БИДЕ ДИРЕКТОР ИЛИ МИНИСТЕР
БОМБА НА ЗАЕВ: ТИЕ ШТО СЕ БУНАТ ВО СДСМ СЕ ЛУЃЕ КОИ САКАА ДА БИДАТ МИНИСТРИ И ДИРЕКТОРИ АМА НЕ ГИ ДОБИЈА ТИЕ ФУНКЦИИ ЗАТОА ШТО НЕ МОЖЕ СЕКОЈ ДА БИДЕ ДИРЕКТОР ИЛИ МИНИСТЕР
(ВИДЕО) Заев: За Скопје ја ставам на коцка мојата лична кариера, граѓаните треба да излезат на гласање
(ВИДЕО) Заев: За Скопје ја ставам на коцка мојата лична кариера, граѓаните треба да излезат на гласање

Бајден по повод постхумното одликување на неговиот син: Косово е во срцето на целото мое семејство

– Американскиот претседател Џозеф Бајден и се заблагодари на косовската претседателка Вјоса Османи за постхумното одликување на неговиот син, наведувајќи дека Косово е во срцата на сите членови на неговото семејство.

По повод одлуката на Вјоса Османи постхумно да му додели медал на синот на Бајден, Бо, за неговиот придонес во напредокот на Косово, Бајден рече дека тоа е „голема чест“ за целото негово семејство и оти „многу им значи“.

– Бо се за вљуби во Косово, каде што отиде доброволно пред 20 години, за да ја поддржи независноста на Косово и вашата нова демократија и, пред сè, владеењето на правото. Во тоа време, Косово имаше свежи рани од војната и децении на тоталитарно владеење, Рече Бајден.

Во пораката објавена денеска, што ќе се емитува в недела на церемонијата на доделувањето на медалот, Бајден рече дека пред 20 години, Бо „можел да види што може да се направи“ на Косово и оти „иднината е можна“ за Косово.

– Тој можеше да види дека е можна иднина за вашата горда земја, затоа беше толку посветен да обезбеди темелни истраги за воени злосторства. Сакаше да му помогне на Косово да изгради фер правосуден систем, способен да донесе правда и помирување, по одреден период во кој Слободан Милошевиќ беше суров кон вашата земја, рече американскиот претседател.

Тој, исто така, изјави дека со прифаќањето на медалот во име на неговиот син, „сака да укаже на неверојатниот напредок што Косово го постигна во последните 20 години“.

– Има уште работа што треба да се направи, во борбата против корупцијата, во заштитата на правата на етничките и верските малцинства, во градењето позитивни односи со соседните земји и во зајакнувањето на економскиот развој. Ве уверувам дека САД ќе останат сигурен партнер на Косово, додаде Бајден.

Тој исто така рече дека целото семејство Бајден е „длабоко трогнато“ од одлуката на властите во Приштина да го именуваат патот во близина на базата Бондстил по Бо Бајден во 2016 година, една година по неговата смрт.

Бо Бајден, државен обвинител во државата Делавер, почина во 2015 година на 47-годишна возраст, од тумор на мозокот.

На Косово беше во 2001 година за да помогне во воспоставувањето судски институции и владеење на правото.

На церемонијата во недела, чиј домаќин ќе биде Османи, медалот ќе го преземе американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет.

loading...