ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
Ковачевски по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ - ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните
Ковачевски по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ - ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните
Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст
Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст

ЕКО ФАНАТИЦИТЕ ЈА ЧИНАТ СРБИЈА 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Српската влада ја прекина соработката со Рио Тинто по масовните протести низ цела Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ на прес-конференција по седницата на српската влада за Рио Тинто, Белград, Србија, 20 јануари 2022 година.

Владата на Србија донесе одлука да ја прекине соработката со меѓународната рударска компанија „Рио Тинто“, потврди премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

„Сите управни акти поврзани со Рио Тинто, односно (фирмата ќерка) Рио Сава, сите дозволи, решенија, решенија се поништени. Ги исполнивме сите барања на еколошките протести, и ставивме крај на Рио Тинто во Република Србија“, изјави премиерот на Србија, по седницата на Владата на Србија. Рио Тинто планираше да изгради рудник за литиум во западна Србија, а проектот го доби името Јадар. Премиерката на Србија ги покани сите заинтересирани еколошки организации да контактираат со неа и изјави дека нејзиниот тим е подготвен да ги достави сите документи поврзани со работата на компанијата до заинтересираните.

Нови блокади во Србија против рудници за литиум

Брнабиќ рече дека на овој начин Владата на Србија ги прифатила сите барања на еколошките организации. Рио Тинто е крајно загрижен поради изјавата на премиерката Брнабиќ, дека просторниот план за проектот „Јадар“ е откажан, како и дека се поништуваат сите управни акти поврзани со проектот. Во соопштението се наведува дека компанијата за време на работата на проектот „Јадар“ секогаш ги почитувала законите на Србија. „Рио Тинто ја разгледува правната основа за донесување на оваа одлука и импликациите што таа може да ги има врз нашите активности и нашите луѓе во Србија“, се вели во соопштението на Рио Сава.

СТОРИЈА НА БИРН ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ЗА ПРОЕКТОТ:

Во јуни годинава, среде сѐ поголемото противење во јавноста на планот за отворање рудник за литиум вреден 2,4 милијарди долари во западна Србија, претседателот Александар Вучиќ првпат ја најави можноста да се распише референдум по тоа прашање, за „да се види што сака народот“.

„Гласот на народот е глас на Бог“, рече Вучиќ, кој од преземањето на власта во 2012 година држи неолиберален економски курс.

Следејќи го порастот на побарувачката за батерии за електрични возила, англо-австралискиот рударски гигант Рио Тинто, до 2022 година сака да изгради подземен рудник за експлоатација на литиум од минералот јадарит, на наоѓалиштето за кое се смета дека е едно од најголемите на светот.

Меѓутоа, проектот е жестоко критикуван од еколошките активисти и од експертите за заштита на животната средина, како и од дел од населението на Западна Србија, каде што се планира ископувањето. Се стравува дека ископувањето руда ќе ја уништи животната средина на тоа подрачје – ќе се загрозат изворите за вода, ќе се девастира простор со големина од 516 фудбалски игралишта, а со тоа ќе се загрози земјоделството, но и живиот свет, што би придонело за целосна депопулација на тој регион.

Репутацијата на Рио Тинто, која низ целиот свет е обвинувана за уништување на животната средина, но и за корупција, и чии работи неодамна се обелоденија преку Пандорините документи, не придонесува за смирување на домашната јавност.

Сепак, иако дозволата за експлоатација сѐ уште не е издадена, бидејќи ниту студијата за процена на влијанието врз животната средина не е завршена, анализата на БИРН на веќе спроведените чекори, вложените пари и вмрежувањето на моќни и глобални играчи заинтересирани за проектот, сугерира дека оваа работа е преголема за да пропадне, без оглед на референдумот и на „гласот на народот“.

Самиот рударски гигант Рио Тинто, во 2020 година забележал консолидиран приход од продажба од 44,6 милијарди долари, што е приближно девет милијарди долари помалку од вкупната вредност на српската економија таа година.

БИРН ги мапираше клучните случки, спогодби и состаноци во врска со проектот, заинтересираните компании, улогата на меѓународните финансиски институции, но и на владите на Велика Британија, САД, Австралија, а од неодамна и на Германија, кои се заинтересирани литиумот да се ископува во Србија.

„Постојат ли некои ветувања и договори зад затворени врати? Тешко е да се каже. Но, искуството на Србија покажува дека владата редовно ги штитела и ги поддржувала странските инвеститори“, истакнува за БИРН, Златко Миниќ, член на управниот одбор на Транспарентност Србија.

Од Рио Тинто велат дека експлоатацијата на лежиштето на литиум Јадар, официјално откриено во 2004 година, ќе ја позиционира компанијата како најголем снабдувач на литиум во Европа, барем во следните 15 години, а се предвидува дека експлоатацијата ќе обезбеди производство на литиумски батерии за милион електрични возила годишно.

Србија ќе има корист од отворањето 2.100 работни места во текот на градежните работи, додека во фазата на работа на рудникот и на преработка на минералните суровини, ќе бидат вработени 1.000 луѓе, наведуваат од компанијата. Мултинационалната корпорација планира да инвестира повеќе од 100 милиони долари во заштитата на животната средина и речиси 40 милиони долари во постројки за преработка на водата.

За да се остварат овие предвидувања, Рио Тинто со години го подготвуваше теренот. Компанијата донираше средства на локалните заедници, болници, училишта и културни центри, а според пишувањето на Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС), откупила повеќе од 40 проценти од земјиштето на кое ќе се наоѓа рудникот, бидејќи сопственоста е неопходна за да може да се добие дозвола за експлоатација.

Рио Тинто ангажираше и стручни лица од Рударско-геолошкиот, Машинскиот и од Градежниот факултет, објави невладината организација Подрински антикорупциски тим (ПАКТ), меѓутоа не е познато какви точно услуги добивала од нив, бидејќи факултетите одбија да достават податоци, и покрај решението од Повереникот за информации од јавен интерес да го сторат тоа.

Покрај стручната помош, мултинационалната корпорација доби и политичка поддршка. Уште во 2011 година, Рио Тинто потпиша Меморандум за разбирање со Општина Лозница, на чие чело во тоа време беше Видое Петровиќ, тогаш член на Обединети региони на Србија, а денес на владејачката Српска напредна странка (СНС).

Сличен документ Рио Тинто потпиша во 2017 година со Владата на Србија, по што е формирана и работна група за имплементација на проектот „Јадар“, во која се наоѓаат претставници на компанијата, на Владата, на Развојната агенција на Србија, локалните самоуправи, бројни јавни претпријатија, но и двајца соработници на претседателот Вучиќ – шефот на неговиот кабинет Ивица Коиќ и специјалниот советник Данило Цицмил.

Во работната група се и Мајк Шираев, вториот секретар во амбасадата на Австралија, и Стивен Ндегва, директорот на Светска банка во Србија.

Самите претставници на власта повеќепати истакнувале дека проектот на Рио Тинто е од „стратешко значење“ за Република Србија.

Мултинационалната корпорација има политичка поддршка и во земјите од кои се нејзините акционери. Во мај 2018 година, сер Алан Данкан, тогашен министер за Европа и Америка, во Лондон се состанал со неколкумина претставници на Рио Тинто токму поради проектот Јадар, пишуваше британски „Тајмс“ во јули годинава.

Во преработеното сиже од состанокот, до кое дојде БИРН, се нагласува дека „дискусијата се одржала во добра атмосфера“. Британскиот министер се потсетил, како што се наведува во сижето, на работата со еден од претставниците на Рио Тинто на тој состанок, а истакнато е и дека процесот на пристапување на Србија кон Европската Унија е од важност за проектот.

„Беше потребно време за да се одреди најдобриот метод за екстракција, како и да се осигури дека пазарот е подготвен за зголеменото количество борна киселина, пазарен нус-производ од екстракцијата на литиумот“, се наведува во документот меѓу другото.

Британската влада и денес силно го поддржува проектот. Извор на БИРН, запознаен со случувањата во британската амбасада, тврди дека Велика Британија лобира во српската влада да се забрза процесот, забавен поради противењето на јавноста.

Во април оваа година, Велика Британија и Србија потпишаа спогодба за партнерство, трговија и соработка. Во соопштението од британската влада по повод потпишувањето на спогодбата е наведено дека работата на бројни британски фирми „цути“ во Србија, а посебно е истакната Рио Тинто, за која се вели дека вложила „значајни износи во големи иницијативи што ќе го поттикнат понатамошното производство на електрични возила и ќе помогнат да се намалат емисиите на јаглерод диоксид во светот“.

(Не)спорна промена на просторниот план
Во јули оваа година, Собранието на градот Лозница усвои измени на просторниот план за да може во него да се вклучи подрачје со посебни намени за проектот за рудникот и за преработка на литиумот на компанијата Рио Тинто.

Тој просторен план за подрачјата со посебна намена (ППППН) за јадарит е усвоен уште во 2020 година, со уредба на Владата на Србија. Критичарите велат дека градските власти на Лозница противзаконски го усогласиле планот од повисок ранг со оној од понизок, за да се излезе во пресрет на Рио Тинто, додека во локалната власт истакнуваат дека општинското собрание можело само да ја констатира претходната одлука на Владата.

Интересно е дека во процената на влијание на животната средина, за истиот тој план за проектот на Рио Тинто, која ја изработи Министерството за градежништво, се наведуваат значителни ризици за животната средина, вклучувајќи и потенцијално загадување на водата, трајно оштетување на земјиштето и нарушување на биодиверзитетот.

Советот од Палмер и интересите на американските компании
Соединетите Американски Држави, исто така, го поддржуваат проектот „Јадар“. Неколку опозициски лидери во Србија јавно изјавија дека Метју Палмер, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, сугерирал дека Рио Тинто не е тема што треба да се користи за да се урива Владата. БИРН упати прашања до Палмер во врска со овој состанок, но до објавувањето на текстот не добивме одговор.

Во ноември 2020 година, кога министерката за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, се состанала со тогашниот генерален директор на компанијата Рио Тинто, Марни Финлејсон, покрај амбасадорките на Австралија и на Велика Британија, бил присутен и амбасадорот на САД, Ентони Годфри.

Одредени американски компании веќе се дел од проектот Јадар. Рио Тинто, за БИРН, потврди дека во 2018 година потпишале договор со градежната компанија Бехтел за управување на проектот „Јадар“.

„Соработката со Бехтел трае повеќе од 50 години и заедно сме реализирале неколку важни проекти. Компанијата Бехтел, како и секој изведувач на работи за компанијата Рио Тинто, го доби договорот по пат на тендерски процес“, истакнаа за БИРН од Рио Тинто.

Министерката Зорана Михајловиќ се состанала во септември годинава со претставничката на компанијата Бехтел, Ели Мекадам. По состанокот, министерката го оценила проектот „Јадар“ како „стратешки важен, не само за рударството, туку и за целото стопанство на Србија“ и го нагласила своето уверување дека ќе се почитуваат „највисоките стандарди за заштита на животната средина“.

Компанијата Бехтел веќе соработуваше со Михајловиќ додека таа го водеше Министерството за градежништво. Американската компанија, заедно со турската компанија Енка, го гради „моравскиот коридор“ во Србија, и тоа како единствен понудувач откако Владата донесе „посебен“ закон со кој е суспендирана постапката за јавни набавки, под изговор дека, како што истакна министерката Михајловиќ, Србија „нема време за губење“.

Американската меѓународна развојна корпорација (ДФЦ), која повеќепати покажувала заинтересираност за вложување во српскиот енергетски сектор, исто така го следи проектот „Јадар“. ДФЦ е основана во 2018 година, во времето на Доналд Трамп, и е промовирана како нова институционална алатка за спречување на растечкото кинеско глобално влијание, а во Србија отвори своја канцеларија во септември 2020 година, по потпишувањето на Вашингтонската спогодба.

Три месеци подоцна, на првиот состанок на работната група за проектот „Јадар“ присуствуваше и тогашниот шеф на канцеларијата на ДФЦ во Белград, Џон Јовановиќ.

На прашањето за можното вклучување на ДФЦ во проектот на Рио Тинто, од Министерството за рударство и енергетика, за БИРН, штуро одговорија: „постои отвореност за разгледување на сите иницијативи за соработка што ги упатија меѓународните партнери во врска со имплементацијата на проектите во Србија, што се однесува и на споменатата институција“.

Од Рио Тинто потврдија дека имале состаноци со претставниците на ДФЦ, но истакнуваат дека таа финансиска институција не е единствената со која контактирале.

„Точно е дека Рио Тинто имаше состаноци со претставници на ДФЦ, како и со бројни други развојни финансиски институции. Целта на состаноците беше да се претстави проектот „Јадар“ поради идентификување додатни можности за инвестирање во Србија, со кои би се овозможила реализацијата на проектот „Јадар““, се вели во одговорот за БИРН.

Одговарајќи на прашање во врска со поддршката на странските амбасади на проектот, од Рио Тинто истакнуваат дека „овој вид поддршка на компаниите на пазарот на земјата-домаќин е вообичаена за дипломатските претставништва“.

„Соработката и поддршката од овие и од други амбасади, исто така, го одразуваат значењето на проектот за Србија и големиот придонес што тој ќе го даде за зелената транзиција и за декарбонизацијата што сите земји мораат да ја преземат за да се соочат со сериозниот предизвик од климатските промени“, нагласуваат тие за БИРН.

Репутациски опашки
Рио Тинто низ светот често била мета на критики.

Правниот центар за човекови права со седиште во Мелбурн, во својот извештај за 2020 година наведува дека компанијата е виновна за повеќекратно кршење на човековите права во Папуа, Нова Гвинеја, каде што Рио Тинто претходно управуваше со рудникот Пангуна на островот Бугенвил. Во извештајот се наведува дека рудникот ги загадил водата и полињата и дека зад себе оставил уништена речна долина. Рио Тинто ги продаде своите акции во рудникот во 2016 година, а во јули оваа година вети дека ќе финансира независна процена на моменталната штета по животната средина и на влијанието врз човековите права на поранешниот рудник за бакар и злато.

Исто така, минатата година британски „Фајненшл тајмс“ пишуваше дека Рио Тинто преговарал со британската Канцеларија за спречување измами за можна спогодба за да избегне кривично гонење поради наводно подмитување во 2011 година при купувањето удел во рудникот за метална руда Симандоу во Република Гвинеја.

Норвешкиот државен стабилизациски фонд, во 2008 година го продаде целиот свој удел во Рио Тинто од 850 милиони долари, наведувајќи дека компанијата е одговорна за еколошки штети во Индонезија. Владата се жалела дека рудникот Грасберг, кој е 40 проценти во сопственост на Рио Тинто, испуштил „многу големи количества“ рударски отпад директно во природниот речен систем.

Поранешниот директор на канцеларијата на Рио Тинто во Шангај и тројца кинески вработени во 2010 година се осудени за земање повеќе од 14 милиони долари мито од кинески челичарници во текот на напнатите преговори за копање железна руда во 2009 година. Компанијата ги отпушти сите четворица, истакнувајќи го нивното „срамно“ однесување, меѓутоа документите што протекоа како дел од глобалното новинарско истражување „Пандорини документи“ покажуваат дека Рио Тинто продолжил да соработува со истиот директор осуден за мито преку неговите офшор-компании, и тоа со години откако изби скандалот.

Во 2013 година, монголските сточари тврделе дека проширувањето на рудникот за бакар и злато на Рио Тинто во пустината Гоби, вредно пет милијарди долари, ја загрозило уникатната животна средина во нивното подрачје и снабдувањето со свежа вода.

Американските власти во 2017 година го обвинија Рио Тинто за измама во работата со јаглен во Мозамбик, каде што компанијата, наводно, ја прикрила вистинската вредност на работата.

Во мај 2020 година, Рио Тинто го уништи светото абориџинско место во клисурата Јукан, во Западна Австралија, пештера стара 46.000 години, која се сметаше за значајно истражувачко археолошко наоѓалиште. По притисокот од јавноста, компанијата се извини, а неколку нејзини менаџери во меѓувреме поднесоа оставки.

Оваа година, активисти за човекови права и за заштита на животната средина ја обвинија компанијата дека ги загадува изворите за вода околу нејзиниот рудник на Мадагаскар. Рио Тинто го призна загадувањето, но негираше дека е поврзано со нејзината работа, најавувајќи сопствена истрага.

Стратегискиот план на ЕУ и прошталната порака на Ангела Меркел
Германската канцеларка, Ангела Меркел, со претседателот на Србија Александар Вучиќ Фото:https://www.bundeskanzlerin.de/
„Ако се интересира целиот свет, тогаш се интересираме и ние, и тоа е јасно“, рече поранешната германска канцеларка Ангела Меркел по состанокот со претседателот Вучиќ во септември оваа година, во текот на нејзината проштална турнеја низ Балканот.

„Србија навистина има нешто што вреди. Не станува збор само за германските интереси, тоа е прашање со кое ќе се занимаваат државите-членки на ЕУ, бидејќи зачувувањето на животната средина во Европа е навистина важно прашање“, изјавила во таа пригода Меркел.

Таа изјава не би требало да изненадува, со оглед на стратегискиот план на ЕУ, која го увезува речиси целиот литиум што го користи, а има амбициозен план да направи пресврт во тој процес. Европската комисија проценува дека до 2030 година, побарувачката за литиум ќе порасне 18 пати, а до 2050 година, дури 60 пати. Потпретседателот на ЕК, Марош Шефчович, во март изјави дека целта на Европа е до 2025 година да стане вториот најголем регион во светот по производство на литиум-јонски батерии, веднаш по Кина.

Не е случајно што Рио Тинто е во контакт со високите претставници на ЕУ, посебно со Шефчович, како што се наведува во документот, во кој БИРН имаше увид, а кој бил изработен по состанокот на амбасадорката на Србија при ЕУ, Ана Хрустановиќ, и Лоренс Дешамбено, главниот директор за надворешни работи на компанијата Рио Тинто, кој бил одржан на 8 јуни во Брисел.

Како што БИРН претходно објави, во таа дипломатска депеша пишува дека Рио Тинто „ги разгледува можностите за побрза реализација на актуелниот проект“ и за неговото евентуално проширување по „многу успешните“ разговори со Вучиќ една недела порано. Компанијата, како што се наведува во документот, изразила задоволство што во текот на разговорите е „изразена подготвеност од двете страни да се вложат неопходните напори за непречена реализација на постојниот проект“.

Интересот на Германија не е случаен, бидејќи во документот што мисијата на Србија го проследила до Министерството за надворешни работи на Србија се наведува дека Рио Тинто веќе воспоставила контакти со три германски автомобилски компании – Дајмлер Мерцедес, Фолксваген и БМВ.

Во Германија се наоѓа едно од најголемите светски наоѓалишта на литиум, во југозападната долина на Горна Рајна. Вадењето литиум од термалните извори на вода во Германија може да биде помалку штетно од експлоатацијата и преработката во Србија, но сојузните власти, и покрај тоа, може да се соочат со противење, смета Михаел Мартенс, новинар на Франкфуртер алгемајне цајтунг.

„Можно е Берлин да поддржи таков проект, но силниот локален отпор, сепак, може да го направи неодржлив“, вели Мартенс за БИРН.

„Уште поважно, гласот на владите во сојузните држави, на чие подрачје би се експлоатирал литиумот, е многу важен. Ако зелените станат дел од новата коалиција, може да се соочат со внатрешен спор. Од една страна, зелените повикуваат на рапидна експанзија на електромобилноста, а од друга, веројатно ќе дојде до еколошки протести против каков било проект за ископување литиум во Германија. Ако е така, како би реагирале зелените?“, прашува Мартенс.

Тој додава дека Европа секако не може да си дозволи да чека.

„Не може да биде во интерес на Европа да стои на страна и да гледа. Тоа секако го знаат големите европски компании. Конгломерати, како Фолксваген, Мерцедес или БМВ, се како мали држави со свои „министерства за надворешни работи“ и отсеци за планирање на управувањето со суровини“, вели Мертенс.

„Ако Европа не се подготви, за неколку години ќе дојде до уште поголема зависност на европската индустрија од Кина, а може да се појават и големи проблеми во синџирите за снабдување“, додава германскиот новинар.

Од компанијата Рио Тинто не одговорија директно на прашањето на БИРН со кои сѐ компании преговарале, но наведуваат дека се во прашање компании од индустријата за батерии и за електрични автомобили.

„Компаниите од тие два сектора се потенцијални идни купувачи на литиум карбонатот што би требало да се произведува во Јадар. Во претходниот период се воспоставени контакти со сите релевантни компании на тема потенцијална комерцијална соработка. Средбите беа добра шанса и Србија да се промовира како посакувана инвестициска дестинација за изградба на фабрики за батерии и за електрични автомобили“.

Средба на српската министерка за рударство и енргетика Зорана Михајловиќ, во ноември 2020 година со тогашниот генерален директор на Рио Тинто Марни Финлејсон. Покрај амбасадорите на Австралија и Британија присутен е и американскиот амбасадор Ентони Годфри. Извор: Минситерство за рударство и енергетика на Србија

Референдумски дилеми
Рио Тинто неодамна почна да го рекламира проектот „Јадар“ на речиси сите телевизии во Србија. На тоа реагираа дури 30 граѓански организации, барајќи од Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) да го забрани емитувањето на рекламите на јавниот сервис поради, како што тврдат, прекршување на Законот за огласување.

„Со ова се крши еднаквоста во смисла на тоа дека за референдумското решение едната страна ќе има и реклами и достапност на јавниот простор на сервисот, додека другата страна, која се противи на вадењето руда, нема никаква шанса да се слушне нејзиниот глас. Самото тоа значи дека референдумското изјаснување нема еден вид праведна кампања. Друга важна работа е што доколку експертите укажуваат на штетноста на одреден проект, прашање е дали вие со тие реклами изнесувате неточни информации“, изјави Саво Манојловиќ од Здружението за заштита на уставноста и законитоста.

Ветувања за домашно производство на батерии
Од Министерството за енергетика, за БИРН, истакнуваат дека во овој момент не постои конечна одлука на државата во врска со изградбата на рудникот за литиум, како и дека таа одлука ќе зависи од резултатите на Студијата за процена на влијанието на животната средина, како и од резултатот на референдумот.

Со оглед на ниската рудна рента во Србија, меѓу најниските во Европа, во Министерството наведуваат дека државата ќе преговара за вклучување и „долгорочна додадена вредност од експлоатацијата на литиумот преку лоцирање на производството на батерии за електрични автомобили, како и на електрични автомобили во Србија“.

Во Министерството велат дека комплексот Јадар „има потенцијал по евентуалното достигнување на целосниот обем на производство да стане втор најголем извозник во земјата, што Србија би ја позиционирало како стратешки значаен производител на литиум во светски рамки“.

Одговарајќи на овие тврдења, од Рио Тинто наведоа дека компанијата се соочува со негативна кампања, со која, како што истакнуваат, „недозволиво оцрнување на нејзиниот углед и изнесување невистинити информации за нејзиното работење“, па поради тоа „има право и потреба да им се обрати на граѓаните на Србија со порака во која ќе се претстави себе и своите проекти пред јавноста“.

„Водени од долгогодишната пракса на законско и чесно огласување, и овојпат нашата компанија прати целосно дозволена огласна порака, усогласена со прописите што ја регулираат оваа област, а, пред сѐ, во согласност со Законот за огласување“, соопшти компанијата.

Критичарите на проектот „Јадар“ во Србија ретко имаат пристап до телевизии со национална фреквенција, а, ако се појават, тоа главно не е во позитивен контекст. Ако дојде до референдум, што не е формално-правна обврска на државата, целокупниот пристап до точни информации ќе биде една од клучните работи, истакнува Немања Ненадиќ, програмски директор на Транспарентност Србија.

„Какви и да се мотивите, како и на секој референдум, клучно е како ќе се формулира прашањето и дали граѓаните ќе ги имаат сите информации за да одлучат правилно. Не мислам дека досега имавме шанса да ги слушнеме целосните информации, било за ризиците или за бенефитите за Србија, ако се реализира овој проект“, вели Ненадиќ за БИРН.

На прашањето за изгледите да се одржи референдум, Весна Продановиќ, генерална директорка на Рио Сава Експлорејшн д.о.о., српската подружница на компанијата Рио Тинто, на конференција за новинарите во јули рече дека не постои правна рамка со која со референдум би се поништиле дозволите, но дека компанијата „ќе се приспособи“.

Во случај референдумот да биде негативен, компанијата ќе мора да заземе свој став. Ќе видиме кој ќе биде ставот на државата. Не постои правна рамка која вели дека ако референдумот е негативен, не важат дозволите. Правната рамка за тоа не е разјаснета, но секако ќе се приспособиме на тоа што во тој момент ќе ни го постави државата како рамка“, изјави Продановиќ.

Саша Драгојло, БИРН

loading...

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 18

My Hero Academia Season 3 Episode 19

anime stream That Time I Got Reincarnated as a Slime

My Hero Academia Episode 12

animes online Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

tải go88