Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
БРАВО - Министерот за правда Маричиќ доби поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оцени дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра

ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА

Левоориентираната партија Самоопределување е победник на парламентарните избори во Косово. Од партијата на чело со Албин Курти граѓаните очекуваат темелни промени во земјата

По пребројувањето на речиси сите гласови, реформското движење Самоопределување на поранешниот активист за човекови права Албин Курти е победник на изборите со освоени 48 проценти гласови. Долги години владејачката Демократска партија на Косово, ПДК, произлезена од УЧК, добила 17 % гласови, соопшти Централната изборна комисија, додека Демократската лига на Косово, ЛДК, која владееше досега, стигнала до 13 %. ПДК и ЛДК го признаа поразот, досегашниот премиер Авдула Хоти од ЛДК најави дека ќе бидат конструктивна опозиција во парламентот.

Во предизборната кампања, Курти на граѓаните им вети ставање крај на непотизмот и корупцијата. „Наши приоритети се праведност и работни места, патот пред нас е долг, и ние ќе правиме грешки, но нашите цели се достоинствени“, истакна тој.

Во партијата Самоопределување на Курти се собрани првенствено помлади и досега неекспонирани политичари, а неодамна и познатата политичарка Вјоса Османи премина од ЛДК во Самоопределување. Актуелната преодна претседателка и од претходно претседателка на парламентот беше кандидирана како втора на листата на Самоопределување, а може да се надева да биде избрана за претседател на државата.

45-годишниот Курти се вбројува во новата генерација политичари кои притискаат за растурање на старата гарда која доминираше со поранешната српска покраина од прогласувањето независност на земјата со околу 1,8 милиони жители во 2008 година.

Курти, кој се смета за харизmатичен политичар, уште како студент во 1990-те години предводеше демонстрации против тогашната српска власт во Косово. Од февруари до јуни 2020 година ја извршуваше премиерската функција, од која мораше да замине откако тогашниот партнер ЛДК ја напушти коалицијата и се поврза со други партии.

По изборната победа, Курти повторно стреми кон премиерското место. Централната изборна комисија меѓутоа го отстрани од кандидатската листа на неговата партија поради тоа што е осудуван – во 2018 година доби казна за напад со солзавец во парламентот. Курти смета дека новиот парламент може да го избере за шеф на владата иако нема пратенички мандат, што според уставот можеби не е јасно регулирано.

loading...

AnimeFreak dubbed anime: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 2 (https://animefreak.ws/m/dv8g/ep-2)

AnimeTV anime tv shows online: Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 12