ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

(ВИДЕО) Мицотакис на средбата со Путин во Сочи: Војна во Украина ќе биде пораз за сите, никој нема да биде победник од голем конфликт на границите на Европа

Билатералната соработка, енергетиката, туризмот, инвестициите, климатските промени, пандемијата, односите на Русија со ЕУ и НАТО, Балканот, Источниот Медитеран, кипарското прашање, биле дел од темите за кои разговарале рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на нивната средба во Сочи, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашите односи традиционално се градат во духот на добрососедството, покриваат широк спектар на области на соработка и имаат взаемно корисен карактер на еден партнерски однос. Токму ова беше духот на денешните разговорите со Мицотакис. Беа сеопфатни и ефикасни, истакна Путин.

Рече дека и покрај тешкотиите што ги создаде пандемијата, трговијата меѓу двете земји е на ниво пред пандемијата, а во првите девет месеци од годинава се зголемила за 56 отсто.

Му се заблагодари на Мицотакис што Грција ги призна руските сертификати за вакцинација со Спутник В, се осврна и на енергетиката, велејќи дека Русија обезбедува над 40 отсто од потребите на Грција, а снабдувањето веќе е и преку новиот гасовод.

-Русија целосно ги исполнува своите обврски кон Грција и кон потрошувачите од европските партнери, истакна рускиот претседател и додаде дека се подготвени да ја надградат соработката во оваа област.

Грчкиот премиер истакна дека имале долга искрена и продуктивна дискусија за билатералните односи и нивната перспектива, истакнувајќи дека средбата ја гледа како „уште еден мост за зајакнување на односите меѓу двата народи и можност да се прошири соработката меѓу двете Влади врз основа на взаемната почит и заедничкиот интерес”.

Путин: Ќе ги доставиме нашите идеи до САД

За односите на ЕУ и НАТО со Русија, Мицотакис истакна дека ги препознава големите предизвици, но ја претпочита потребата „секогаш да бидат отворени каналите на комуникација”.

-Русија е дел од европската архитектура на безбедност. Затоа, функционалниот однос на крајот им користи на сите страни. Грција, како членка на Европската Унија и НАТО, со големо внимание пристапува кон овие односи и затоа не ја криев мојата загриженост за разгорувањето на тензиите во Украина. Верувам дека конфликтот таму нема да има победник, ќе има само губитници, истакна Мицотакис.

Во однос на НАТО, Путин порача дека „тоа е воен блок и за жал овој блок следи конфликтна линија во однос на Русија” и гледа „однесување што не е пријателско кон Русија” , истакнувајќи дека Москва не се стреми кон конфликт.

За вчерашната видеоконференциска средба со американскиот претседател Џо Бајден, Путин рече дека се согласиле да ја продолжат дискусијата и да разменат идеи.

-Нашите идеи ќе ги изготвиме во рок од една седмица и ќе ги доставиме до американската страна за да ги разгледа, рече Путин.

Истакна дека „секоја земја има право да го одбере најдобриот начин за обезбедување на нејзината безбедност, но без да се поткопа безбедноста на другите,во конкретниот случај безбедноста на Русија”.

Одговарајќи на новинарско прашање за грчко – турските односи, Путин рече дека „почетна точка за сите разлики е дијалогот”, а за тоа има расположение од грчка страна, паралелно изразувајќи поддршка за еден таков дијалог.

Мицотакис рече дека Турција користи „агресивни активности, кои го прекршуваат меѓународното право и често ја поткопуваат стабилноста во регионот”, а Грција секогаш е отворена за дијалог во рамките на меѓународното и морското право

Путин и Мицотакис, на денешната средба во Сочи ја усвоиле и програмата на активности меѓу двете земји за периодот 2022-2024 година.

loading...

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

free anime online WONDER EGG PRIORITY

free anime High School DxD

stream anime online Dragon Ball (Dub)

AnimeDao Gintama

AnimeDao Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!!