Масовна гробница близу напуштен рудник во Јужна Србија е пронајдена денеска од страна на Еулекс, српскиот срвен крст и српската полиција. Ова е само една од многуте досега најдени гробници на убиени цивили од Косово. Над 13 000 жители на Косово го изгубија животот, многу од нив уште се водат како исчезнати, и Албанци и Срби и Роми.
И двете страни во Косово вршеа воени злосторства и убиваа цивили и ги копаа во масовни гробници, но Србите се чини ги премолчуваат своите злосторства и се уште глумат некаква жртва на меѓународен заговор, одбиваат да признаат дека и тие во Косово како и во Босна и во Хрватска си ги окрвавија рацете со крвта на невини цивили во 90-тите што ги испровоцира меѓународната заедница да им одговори со бомбардирање и санкции во обид да ги спречи во таквите злосторства.
Досега најголема таква гробница е најдена во 2001-ва во близина на Белград со 800 лешеви на убиени Косовари.
Во 2007-ма меѓу граничната зона на Србија со Косово беа најдени околу 500 тела на Косовари закопани во масовна гробница. Линк до таа вест на Ројтерс, овде.
Пред 10 години слична таква гробница беше најдена во едно село, под паркинг за тешка механизација беа најдени 250 тела на убиени Косовари. Линк за таа гробница, овде.
Линк за денешната вест на Ројтерс.