Рама потврди дека дел од „Порто Романо“ во Драч ќе биде НАТО база

Албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по враќањето од самитот на НАТО во Мадрид објави дека воен дел ќе има и пристаништето Порто Романо кај Драч, кое е планирано како комерцијално пристаниште.

Порто Романо вообичаено треба да биде најголемото трговско пристаниште на брегот на Јадранското Море, а сега покрај трговското пристаниште треба да добие и воен дел.

– Наскоро ќе се вратиме во Брисел за да ги продолжиме нашите дискусии во врска со нашиот предлог за формирање на поморска база на НАТО во новото пристаниште Драч, рече Рама, додавајќи дека воената база ќе биде изградена и кофинансирана од Албанија и од НАТО алијансата.

Рама рече дека е испратена покана до НАТО за финансирање на специјалниот проект.

Ова е изненадување со оглед на тоа што во мај Рама му понуди на НАТО обновување и реконструкција на поморската база Пашалиман, лоцирана на 200 километри јужно од Тирана, која беше подморска база на албанската морнарица, опремена и изградена од Советскиот Сојуз кога Албанија беше во Варшавскиот пакт. Инаку, од оваа база морнарицата на лидерот Енвер Хоџа го контролирала влезот во Јадранското Море. Базата се наоѓа во близина на Валона на спојот на Јадранското и Јонското Море на самиот влез во Отрантскот теснец.

Инаку, НАТО веќе ја започна реконструкцијата на воздухопловната база Кучова, која се наоѓа на околу 85 километри јужно од Тирана.

Воздухопловната база во Кучова е изградена во 1950-тите кога Албанија беше близок соработник на Советскиот Сојуз. Албанскиот комунистички режим пропадна во 1990-тите години на минатиот век, а Кучова остана воена база иако авионите од руско и кинеско производство престанаа да летаат на крајот на 1990-тите.

Базата во Кучова ќе служи на Албанија како поддршка за операциите на НАТО за снабдување, ќе обезбедува логистичка поддршка, полициски надзор, обука и вежби.Кучова наводно некогаш била наречена град на Сталин. Надградбата на базата во вредност од 45,8 милиони евра вклучува обновување на пистите, патишта и магацини, како и зголемување на интероперабилноста на НАТО и зајакнување на мисиите за рано предупредување.

Работата започна во јануари 2022 година за надградба на воздухопловната база во Кучево како модерен центар на операции и нејзината способност да прими голем број борбени авиони. НАТО и Албанија ветија 50 милиони евра за воздухопловната база во Кучево, која се очекува да биде оперативна до крајот на 2023 година.

sun win

sunwin web tải sunwin apk sunwin club

sunwin

sunwin tài xỉu game bài sunwin game sunwin

sun win