Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

САД тврди дека Русија е подготвена за напад на Украина за две недели

Американските власти истакнуваат дека американската разузнавачка служба проценува дека Русија подготвува голема инвазија на Украина и дека веќе располага со 70 отсто од силите потребни за таква операција. Москва веќе има собрано 110.000 војници на границата со Украина и би можела да има доволен капацитет да започне офанзива за две недели, оценуваат американски официјални лица кои ги информираа членовите на американскиот Конгрес и американските европски партнери во последните денови.

Тие изјавија дека американската разузнавачка служба не утврдила дали рускиот претседател Владимир Путин донел одлука да оди во офанзива, но дека сака да си ги обезбеди сите можни опции, од делумна инвазија на сепаратистичката енклава Донбас на исток до целосна инвазија.

„Со темпото со кое руските воени сили продолжуваат да се зајакнуваат околу Украина, Путин би можел да има доволно сили за голема инвазија, или 150.000 војници, во средината на февруари“, предупредија официјалните лица.

Доколку рускиот претседател ја избере најрадикалната опција, би можел да го опколи Киев, главниот град на Украина и да го собори претседателот Володимир Зеленски за 48 часа, проценуваат тие.

Тие предупредија дека конфликтот може да има значителна цена за човечките животи и дека може да бидат убиени меѓу 25.000 и 50.000 цивили, меѓу 5.000 и 25.000 украински и 3.000 до 10.000 руски војници. Тоа може да предизвика и прилив од еден до пет милиони бегалци, главно во Полска.

Првиот контингент американски војници вчера пристигна во Полска, каде што американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи да испрати засилување за да ја одбрани земјата од каква било агресија, додека во тек се дипломатски активности за да се убеди Москва да ги повлече своите војници на границите на Украина.

Русија негира дека планира каква било инвазија, нагласувајќи дека сака само да ја гарантира својата безбедност.

loading...

go88 phiên bản cũ go88 game bài đại gia Tải go88 IOS/ Android/ PC/ APK nhận Code 50K

sunwin laser engraver nhatvip sunwin sunwin của ai