Бектеши: Рестрикции ќе нема, иако не очекува тешка зима
Бектеши: Рестрикции ќе нема, иако не очекува тешка зима
Средба на Министерката Тренчевска со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници
Средба на Министерката Тренчевска со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници
Пристигна предлог од француското претседателство до Владата на Република Северна Македонија, почнува широка јавна дебата за истиот
Пристигна предлог од француското претседателство до Владата на Република Северна Македонија, почнува широка јавна дебата за истиот
БРАВО: Се зголемуваат платите за администрацијата на општина Гостивар и за вработените во јавните претпријатија
БРАВО: Се зголемуваат платите за администрацијата на општина Гостивар и за вработените во јавните претпријатија
Битиќи и Папандреу: Интеграцијата е единствен начин за да се создаде меѓузависност
Битиќи и Папандреу: Интеграцијата е единствен начин за да се создаде меѓузависност
Макрон: Најдено компромисно решение за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија
Макрон: Најдено компромисно решение за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија
ШОКАНТЕН НАСТАН ВО ГАЗИ БАБА - ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ОТВОРЕНО ДА ПОДРЖУВА ТЕРОРИЗАМ И НАСИЛИЕ ВО ОПШТЕСТВОТО: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО НАРОДНИ ПАРИ ПРИРЕДИ КОНЦЕРТ И ГО ПОКАНИ ЛАМБЕ ПАЛИКУЌА ДА ИМ ПЕЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Шведска и Финска во вторник ќе го потпишат протоколот за влез во НАТО
Шведска и Финска во вторник ќе го потпишат протоколот за влез во НАТО

Вучиќ до американските сенатори: „Отворен Балкан“ е пример за успешна регионална соработка

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска се сретна со американските сенатори од Одборот за надворешни работи, Крис Марфи и Џин Шејхин, како и со сенаторот од Одборот за вооружени сили, Том Тилис со кои разговараше за билатералната соработка, европската интеграција на Србија, ситуацијата во регионот, енергетиката и кризата во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

„Зборувајќи за ситуацијата во регионот, претседателот Вучиќ истакна дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и на Република Српска во рамките на БиХ. Тој додаде дека за Србија е од клучен интерес да ја зачува стабилноста во регионот и да ја зајакне соработката во сите области, особено во областа на економијата, бидејќи само таков регион овозможува одржлив развој на самата Србија. Во таа насока, претседателот Вучиќ како пример за успешна регионална соработка ја наведе Иницијативата „Отворен Балкан“ која има за цел натамошен развој на регионот и подигање на животниот стандард на сите негови граѓани“, се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател.

Во него се додава дека „по повод кризата во Украина, претседателот Вучиќ ја истакна посветеноста на Србија за почитување на принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и политичката независност на државите, за што сведочи гласањето на Република Србија во Генералното собрание на ОН и другите меѓународни тела“.

За време на разговорите со американските сенатори, претседателот Вучиќ се заблагодари на Вашингтон за континуираната поддршка на патот на Србија кон полноправно членство во ЕУ.

„Тоа е една од нашите приоритетни надворешнополитички цели и стратешка определба на Србија“, изјави Вучиќ.

loading...

go88 m1

Nhà cái SunWin - Link tải Sun win cho Android, Ios, máy tính 2022 sunwin md5 pm hack sunwin