(ВИДЕО) АДЕМИ: СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МОЈАТА РЕАКЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО, БЕВ ИСПРОВОЦИРАН, НО НЕМА ДА МИ СЕ ПОВТОРИ ПАК
(ВИДЕО) АДЕМИ: СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МОЈАТА РЕАКЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО, БЕВ ИСПРОВОЦИРАН, НО НЕМА ДА МИ СЕ ПОВТОРИ ПАК
Стојаноска: Адеми да си поднесе оставка, неговото однесување е срамно за собранието
Стојаноска: Адеми да си поднесе оставка, неговото однесување е срамно за собранието
БОМБА ОД ВАШИНГТОН: САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот
БОМБА ОД ВАШИНГТОН: САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот
Е УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ, ЗНАЧИ АМАН: Нов бран на ковид-19 ширум Европа, новите соеви ја избегнуваат заштитата стекната од вакцините
Е УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ, ЗНАЧИ АМАН: Нов бран на ковид-19 ширум Европа, новите соеви ја избегнуваат заштитата стекната од вакцините
Општина Кавадарци организира бесплатна ,Школа за пливање" со деца на возраст од 7 до 10 години
Општина Кавадарци организира бесплатна ,Школа за пливање" со деца на возраст од 7 до 10 години
БРАВО: Oпштина Арачиново добива уште едно основно училиште
БРАВО: Oпштина Арачиново добива уште едно основно училиште
ВО КООРДИНАЦИЈА НА МВР И МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА - Претреси во затворот во Штип: Пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети
ВО КООРДИНАЦИЈА НА МВР И МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА - Претреси во затворот во Штип: Пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети
Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари
Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

Вучиќ-Шолц: Србија добро ја разбра пораката на Германија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата во Берлин изјави дека германскиот канцелар Олаф Шолц порачал дека се што е потпишано меѓу Белград и Приштина мора да се имплементира, што важи и за Бриселскиот договор и дека Србија добро ја разбира пораката на Германија и на другите за војната во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

– Што се однесува до односот на Србија кон правната и политичка природа на конфликтот во Украина, ние недвосмислено се изјаснивме, но единствено изјавата на Србија беше или неочекувана или делумно очекувана, за разлика од сите други, изјави Вучиќ на заедничката прес – конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Вучиќ рече дека Србија не го отворила поглавјето 31 и додаде дека како земја на патот кон Унијата има обврска постепено да се усогласува со одлуките на ЕУ.

– Шолц беше многу јасен и силно ги повтори ставовите и барањата на Германија. Србија има поинаков став во однос на Косово и затоа ние имаме многу други проблеми, Србија беше под санкции цела деценија и имаме различно расположение кон санкциите. Добро ја разбравме пораката на Германија и детално разговарав за тоа со канцеларот. Нема сомнеж дека изборот на Србија е да биде на европскиот пат и ние ќе бидеме цврсто посветени на тој пат, иако анкетите покажуваат дека не е најпопуларен, српското раководство ќе го поддржи тој пат, рече Вучиќ.

Коментирајќи ги најавите на косовскиот премиер Албин Курти дека Косово ќе поднесе барање за членство во одредени меѓународни организации, тој изјави дека доколку некој не сака да го почитува Вашингтонскиот договор, тогаш Србија ќе постапи во нејзин интерес и ќе го почитува српскиот Устав.

Зборувајќи за регионалните односи, Вучиќ изјави дека ветил дека Србија нема да биде причина за никакви проблеми во регионот.

– Не мислам дека едната страна е виновна за проблемите во Босна и Херцеговина и за тоа детално разговарав, додаде Вучиќ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија го поддржува процесот на пристапување на Србија во ЕУ и дека тој лично ќе се заложи за тоа. Тој рече дека на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговарале за билатералната соработка, реакцијата на руската војна против Украина, но дека клучна тема била – колку е важен напредокот во дијалогот со Приштина.

– Дијалогот е од големо значење за мирот и стабилноста во регионот на Југоисточна Европа, како и за евроинтеграциите на двете земји, рече Шолц, нагласувајќи дека сите отворени прашања треба да се решат во рамките на дијалогот и дека сите договорени обврски мора да се почитуваат.

loading...

go88 rút tiền trong bao lâu

game sunwin.vn