(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава

ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА – Шефот на Витаминка, Сашо Наумоски: Да си подадеме рака и да си помагаме

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба – овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Сашо Наумоски е генерален директор на „Витаминка“, нашата добро позната ама и доста успешна компанија. Не се исплаши ниту од овој предизвик и компанијата успеа да се прилагоди и во оваа криза. Вели дека е горд на своите вработени, се обидел да биде тука за нив кога било потребно. Пандемиската година приватно ќе ја памети по многу мигови поминати заедно со семејството и третиот внук

„Многумина сакаат оваа година да ја заборават поради пандемијата. Тешка година со низа непредвидливи ситуации и исчекување. Велат дека човек најмногу стравува кога исчекува нешто, а самиот не знае што е. Не е лесно да се функционира во таква позиција исполнета со страв од неочекуваното. Јас во принцип сум човек што сака да биде опкружен со луѓе кои се позитивни и во секое лошо гледаат добри страни. За мене и за Витаминка оваа година беше година на справување со неизвесното и можам да кажам дека успеавме да го поминеме тестот.

Покажавме дека сме тим што не се плаши од предизвици, туку истите ги прифаќа и ги поминува успешно сите пречки. Ако планиравме, на крајот на минатата година, оваа да одиме постепено со раст, во март немаше избор освен да се прилагодуваме на потребите на пазарот. Никој не знаеше како да се справи со ваква ситуација бидејќи ни се случува првпат на сите и сите учевме во од. Знаевме дека потрошувачите мора во секое време да ги имаат производите и знаевме дека тимот знае да испорача резултати. Водени од овие премиси успеваме и годината да ја завршивме во позитива.

Кога ќе се навратам наназад мислам дека стравот нè научи да бидеме проактивни и брзо да реагираме. Но, во исто време научивме дека и кога светот буквално ќе застане за миг не се менува нашиот живот, туку се менува начинот на функционирање. Ако порано поминувавме саати на состаноци, сега состаноците се брзи и ефикасни, дигиталната технологија покажа дека може да се координира се и без физичко присуство, дека состаноците може да бидат онлајн и дека комуникацијата може да биде брза и на овој начин. Да потенцирам, јас сум човек што сака да седне и да се види со своите луѓе, да поразговара очи в очи, бидејќи нема ништо подобро од личниот контакт. Тоа е во бизнисот на продажба, мора да го почувствувате пазарот, мора да имате некаков личен линк со вашиот потрошувач.

Оваа година, можеби заборавивме на прославите, на дружбите, но не заборавивме да помагаме. Затоа сум многу горд на нашата компанија и на нашите вработени покажувајќи општествена одговорност во секој аспект. Од почетокот на кризата со ковид-19 па досега, Витаминка имаше повеќе донации со вкупна вредност од над 6 милиони денари, пред се за здравствениот сектор, како локални така и национални здравствени центри. Беше донирана од финансиска помош, медицинска опрема, средства за дезинфекција, ПЦР тестови, брзи тестови и се што беше неопходно. Со посебни донаторски програми беа опфатени и здруженија кои се грижат за лица со посебни потреби и ранливи групи граѓани.

Паралелно како семејно одговорна компанија се грижевме и за нашите вработени, па така за да помогнеме во образовниот процес за своите вработени кои имаат деца вклучени во онлајн наставата, обезбедивме пристап до JetMinds.org едукативна платформа за дополнително образование и можност за унапредување на знаењата. Како посебно драга донација е последната, 50 таблети за семејствата кои немаат можност да купат смарт уреди за следење онлајн настава на своите деца.

И ќе продолжиме и понатаму.

Тие што нè знаат како компанија и лично како луѓе, знаат дека секогаш помагаме онаму каде најмногу има потреба за тоа. Тоа е филозофијата на компанијата, да биде тука секогаш за локалната заедница. Сочувството е најголемата цивилизациска вредност и според тоа се раководиме. Сепак, ние сме мала земја со голем потенцијал што може да расте само ако сите си подадеме рака и си помагаме. Тоа потешко го учиме, но барем новите генерации да сфатат дека без заеднички раст нема успех.

Пандемиската година приватно ќе ја паметам по многу мигови поминати заедно со семејството и третиот внук. „Принудени“ да бидеме повеќе време заедно се покажа како голем плус за сите нас. Време поминато со родителите, децата, внуците не може да се надомести со ниту еден голем бизнис успех, бидејќи сите сме пред се луѓе со корен, а потоа сме одредени на некоја професија. Коренот, нашата срж, семејството е нешто што нема замена за ниту една друга професија, вели Наумоски за Фактор.

ИЗВОР; ФАКТОР.МК

loading...

ANIMEFLIX animeflix haikyuu to the top: Attack on Titan Season 3 Part 2 (https://animeflix.nl/m/B1Vq) Episode 10

AnimeTV kisa anime tv: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 13