* реклами ——————————————————————————————————————————————-
———————————————————————————————————————————————————
Ова е десетто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во земјава, доделено од Global Finance.
Изборот за најдобар “FX Провајдер” на финансиските пазари во Северна Македонија е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење на иновативни технологии.
* реклами ——————————————————————————————————————————————-
—————————————————————————————————————————————————–
Прогласувањето на Комерцијална банка за „Најдобар FX Провајдер во Република Северна Македонија“ е уште една потврда за високиот квалитет на услуги кои Банката ги нуди и за нејзината лидерска позиција во областа на тргување на домашните и на глобалните финансиски пазари.